Македонија
(Видео) Стоилковски: Имотот на пратеничката Зајкова легализиран со лажна изјава?
Огромен криминален скандал повторно е поврзан со владејачкото мнозинство во Парламентот. Моника Зајкова, пратеник од редовите на ЛДП, верен гласач на законите на СДСМ, според анкетниот лист која што го поднела до Антикорупциска комисија, пријавила семеен имот, имот на родители, куќа од 119 м2 во село Трница, во делот на националниот парк Маврово. Стекнат на друг начин, како што стои во анкетен лист, изјави на денешната прес-конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека според новинарски текст, имотот на Маврово, во Трница, е криминално легализиран. Објектот кој што стои на имотниот лист на Моника Зајкова бил изграден по донесувањето на законот за легализација и со тоа е без основа за легализација. Според новинарското истражување објавено во јавноста, Зајкова поседува имот легализиран врз основа на лажна изјава, односно изјава за времето кога објектот бил граден, односно изјава со која што се тврди дека објектот бил граден пред 3-ти март 2011 –та година како основа за негова легализација.
Стоилковски побара од Зајкова, како пратеник во Парламентот е должна јавно, јасно и прецизно да одговори:
Дали поседува семејна вила во Трново, Маврово како што навела во анкетниот лист? На кој начин е стекната таа вила? Кога таа вила е изградена? Дали е легализирана согласно Законот за легализација? Дали е поднесена изјава за времето на градење со документите за легализација, изјава којашто подлежи на морална и кривична одговорност и со која што се гарантира вистинитоста на исказот?
Македонија тоне во кризи, половина милион луѓе живеат со помалку од 150 денари на ден, а гласачите токму на тие штетни закони, закони што ја потонаа Македонија единствено се грижат за лични богатења и удобства. Моника Зајкова е пратеник врз којшто почива оваа антимакедонска, антинародна власт во Македонија!
Не е важно што Македонија е во криза, народот е се посиромашен, што нема за струја, и нема за леб, а и се соочува со брутална асимилација. Важно Зајкова, верен гласач на СДСМ во Парламентот, ужива во луксузи, ужива во дивоградба, сега легализирана вила на Маврово.
Ова мора да има крај,изјави Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес студено утро, преку ден сончево со мала облачност
Времето денеска наутро ќе биде ведро и многу студено, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.
И во Скопје студено време во утринските часови, а преку денот сончево со мала облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Македонија
СДСМ избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Со тоа ќе стане извесно кој се’ ќе ги носи клучните одлуки во опозициската партија која в година повторно ќе треба да се соочи со гласачите на локалните избори
Социјалдемократите известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.