Македонија
(Видео) Тасевска: Инвестираме во подобри услови за детскиот раст и развој, градиме нови, европски градинки
Грижата за децата, подобрување на условите и можностите за ран детски развој е приоритет на Владата предводена од СДСМ. Проектите со кои инвестираме во нови, модерни, европски градинки, во подобри услови за секое дете за раст и развој, се нашиот влог во иднината на државата. За пет години се изградени, реконструирани и доградени 69 детски градинки низ целата држава, со што опфатот на деца го зголемивме за 4.300 дечиња. Само во последните 5 дена, пуштена е во употреба нова детска градинка во Боговиње и нов објект во Крива Палнака со што овие бројки продолжуваат да растат, изјави на денешната прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.
Таа додаде дека со проширување на градинката Детелинка во центарот на Крива Паланка се обезбедува предучилишно образование и воспитание а вкупниот капацитет се зголемува на 200 деца.
Жителите на Општина Боговиње за прв пат добиваат нова градинка, во која ќе бидат згрижени 87 дечиња. Новите градинки се изградени по највисоките стандарди, на децата им се обезбедени одлични, современи услови а објектите се енергетска ефикасни.Освен во објекти, во изминатиот период се вложува во јакнење на капацитетот на стручниот кадар во детските градинки.
Тасевска наведе дека решен е недостигот на вработени во предучилишните установи, преку обезбедување на решенија на неопределено време за над 2.000 воспитувачи.
Платите на вработените во градинките од 2017 година се зголемени за вкупно 36 отсто, а со ребалансот на Буџетот се обезбедени средства за повисоки плати во образованието.
СДСМ и во услови на светска економска криза продолжува со вистинска грижа за раст и развој на децата и подобрување на условите за сите граѓани, изјави Тасевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата Ленинова во Скопје
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со константно одбивање на амандманите предложени од СДСМ. На денешната комисијата за финансирање на буџет одби да се обезбеда средства за реконструкција на улицата „Ленинова“ во Скопје, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.
– СДСМ поднесе амандман да се обезбедат средства за реконструкција на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата на булевар Илинден до паркот на Франкофонијата. Со помош на реконструкцијата ќе се заврши целото реконструирање на улицата Ленинова, која е една главните оски во рамки на општина Центар. Со ова ќе се растовари сообраќајниот метеж во општина Центар, а целиот простор дополнително ќе се уреди, додаде Лукаревска.
Заменик министерот за финансии и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, го одбија и овој амандман на СДСМ.
Македонија
Стојановски: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен во општина Бутел
Денес на седница на Град Скопје, каде што се разгледуваше предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел, со цел приклучување на населените места Љубанци и Љуботен на водоводната мрежа, говореше и советникот од ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски. Стојановски изрази поддршка за иницијативата и ја истакна важноста на овој проект за локалното население.
„Ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаме за оваа точка од причина што јасно е дека во тој дел на Општина Бутел има проблем со водоснабдување затоа што тие места се на повисоките места во општината, а и во повисоките околу градот Скопје. Затоа сметаме дека оваа одлука ќе допринесе за подобар стандард на жителите на Љубанци и Љуботен во Општина Бутел“, истакна Стојановски
Стојановски дополнително ја поздрави иницијативата.
„Ја поздравувам оваа одлука на Градот Скопје и Општината Бутел, особено на Општината Бутел, за реализација на проект за водоводна мрежа“, изјави Стојановски.
Стојановски апелираше и други општини да го следат примерот.
„Се надевам дека и другите општини кои имаат вакви населени места на повисокиот дел на Град Скопје ќе воспостават меѓуопштинска соработка за водоводна мрежа за тие населени места каде што има слаб притисок или во одреден дел од годината има недостиг на вода“, кажа Стојановски.
Македонија
Тошковски: За пофункционален систем „Сејф сити“, отворена можност да ги искористиме искуствата од ОАЕ
Во рамките на посетата на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, министерот Панче Тошковски оствари работни посети и на Одделот за менаџирање на сообраќајот, системот Safe City и Академијата за цивилна одбрана.
„Имав одлична можност одблиску да видам како функционира еден современ систем за побезбеден град, во кој се имплементирани највисоките технолошки достигнувања, како што е вештачката интелигенција, а во функција на поголема безбедност – помалку криминал, како и помалку жртви од сообраќајни незгоди. Имајќи предвид дека сме во фаза на имплементација на ваков сличен систем и во нашата држава, од особена корист ќе биде поголема соработка со МВР на ОАЕ сè со цел користење на искуствата што ги имаат стекнато во овој дел“, потенцира министерот Тошковски.
Во Академијата за цивилна одбрана министерот Тошковски се запозна со капацитетите за обука што ги имаат во делот на справувањето со пожари, особено во делот на специјализирани тренинзи во симулирани ситуации на пожар во разни објекти.