Македонија
Нови 389 случаи на коронавирус, починаа 4 лица
Во последните 3 дена направени се 1.561 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 205, Битола – 34, Охрид – 22, Куманово – 20, Прилеп – 14, Кавадарци и Делчево – 11, Тетово – 10, Кочани – 8, Велес – 7, Штип – 6, Гостивар – 5, Кичево, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Берово – по 4, Ресен и Богданци – по 3, Струмица , Радовиш и Дебар – по 2, Струга, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (389), регистрирани се 94 реинфекции.
Регистрирани сe 698 оздравени пациенти од: Скопје – 335, Битола – 54, Куманово – 37, Кавадарци – 35, Прилеп, Охрид и Гевгелија – по 20, Тетово – 17, Кочани – 16, Неготино – 15, Штип и Берово – по 14, Струмица – 12, Гостивар – 11, Велес и Радовиш – по 10, Богданци – 7, Кичево и Струга – по 6, Крива Паланка, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Демир Хисар – 4, Валандово – 3, Ресен, Дебар, Крушево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Никопе и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (19.08 – 21.08.2022) пријавени се 2 починати лица, од Скопје (79 г и 85 г),Двете лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин се регистрирани 2 починати лица од Скопје (76г) и Кичево (63г),лицата се починати во домашни услови .Лицата се пријавени за починати во период од 18.08.2022-22.08.2022
Направени се 1.561 тестови преку: ИЈЗ-177, ЦЈЗ Скопје-143, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-3, ЦЈЗ Тетово-12, ЦЈЗ Куманово-38, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ и Септември-0, Институт за микробиологија–69, Жан Митрев (Филип Втори)-27, Авицена-30, Биотек-211, Систина-61, лабораторија Лаор-14, Синлаб-4, Ремедика-9, Плодност-8, Генеа-10, Никоб Лаб-44, ВФВ Медикал-8, Ели медика плус-10, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб дијагностика–3, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 601.
Досега во земјата се направени вкупно 2.149.075 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.881, бројот на оздравени пациенти е 328.478, на починати е 9.477, а бројот на активни случаи изнесува 1.926
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 159850, Активни 832
Куманово 18047, Активни 78
Битола 17729, Активни 170
Прилеп 15349, Активни 88
Тетово 14398, Активни 47
Кавадарци 11952, Активни 79
Велес 10703, Активни 48
Гостивар 10241, Активни 26
Охрид 10178, Активни 136
Струмица 8744, Активни 24
Штип 8691, Активни 34
Кичево 6046, Активни 24
Кочани 5505, Активни 43
Струга 5154, Активни 25
Гевгелија 4832, Активни 47
Неготино 4110, Активни 19
Ресен 3000, Активни 15
Радовиш 2822, Активни 26
Свети Николе 2774, Активни 7
Крива Паланка 2626, Активни 21
Делчево 2154, Активни 48
Берово 1834, Активни 13
Дебар 1808, Активни 12
Валандово 1593, Активни 4
Виница 1478, Активни 12
Пробиштип 1296, Активни 1
Кратово 1096, Активни 4
Богданци 1096, Активни 8
Крушево 1019, Активни 6
Демир Хисар 925, Активни 11
Македонски Брод 786, Активни 5
Демир Капија 629, Активни 5
Македонска Каменица 535, Активни 4
Пехчево 515, Активни 4
Дојран 366, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 16 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемено наоблачување. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Македонија
СДСМ некогаш беше државтворна партија, а сега се занимава со трач муабети, реагира движењето ЗНАМ
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија реагираше на, како што наведуваат, обвинувањата од СДСМ, оценувајќи дека партијата „бега од одговорност со навреди, етикетирања и лични дискредитации“.
Во реакцијата, од ЗНАМ наведуваат дека СДСМ, наместо да понуди аргументи и одговори за кономската и институционалната состојба во државата, се занимава со „озборувања“ и „трач муабети“.
Партијата оценува дека СДСМ, која некогаш беше државотворна партија, денес е сведена на фабрика за навреди, конструкции и политички отров, како и дека со улична реторика покажува нервоза и очај.
Од ЗНАМ нагласуваат дека движењето не е ничја квислиншка група, туку автентична политичка сила создадена од граѓани разочарани од владеењето на СДСМ.
Во реакцијата се споменува и периодот на владеење на Зоран Заев, при што се изнесуваат критики за, како што наведуваат, националните политики и управувањето со државата. Се споменува и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, при што се посочуваат, како што стои во реакцијата, контроверзии и сомнежи за тендери и набавки.
„Политиките на Зоран Заев останаа запаметени како период во кој националните интереси се ставаа на распродажба без јасен консензус и без чувство за државничка мерка. Со рачето на срце се промовираше како чесен и достоинствен, а всушност државата ја претвори во сопствен приватен бизнис. Симболиката на „едно евро за Вицето, едно за црквата“, беше само дел што нештото го докажува. Ги распродадоа македонските национални позиции на ангро, без јасна стратегија и без поддршка, ја разнишаа довербата во институциите и ја продлабочија поделбата во општеството. И по сето тоа, истите тие кругови, истото тоа раководство, се обидуваат да зборуваат за морал и одговорност, како граѓаните да немаат паметење. Во периодот кога со здравството раководеше Венко Филипче, јавноста беше сведок на низа контроверзии, сомнежи за тендери, набавки и прашања на кои никогаш не доби целосни и транспарентни одговори. Златни визи, сомнителни бизнис релации и повластени шеми, сето тоа се случуваше во време кога СДСМ ветуваше „живот за сите“, а испорача привилегии за малкумина“, велат од ЗНАМ.
Од ЗНАМ дополнително оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со наративи за т.н. ‘српски свет’ и со случувањата во соседна држава и нивната постојана потреба да отвораат фронтови и да се караат со сите, од политички партии до новинарие прашање што партијата треба да го решава во сопствени рамки.

