Економија
СДСМ: Мерки против глобалната криза, државата плаќа над 80% од сметките за струја на домаќинствата

Во пресрет на прогнозираната тешка зима, во услови на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна, институциите предводени од СДСМ преземаат навремени и ефикасни политики против ударот на глобалната криза. Со мерките се одржува стабилноста на домашната економија, енергетскиот сектор, производството на струја и силно се субвенционира цената на струјата за граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека приоритет на државата е да го заштити стандардот на граѓаните и семејните буџети. Затоа домаќинствата за сметките за струја плаќаат околу 20 отсто, а над 80 отсто од цената се субвенционира од страна на државата.
Домашното производство на струја ќе ја обезбедува целата потребна енергија и максимално ќе се зголеми. Од почетокот на септември започнуваат задолженијата за штедење на електрична енергија во институциите, со кои секоја институција ќе ја намали потрошувачката на струја за најмалку 15 отсто.
За непречено снабдување со струја и топлинска енергија Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија.
Истовремено се ограничени маржите, со што се спречи драстично зголемување на цените на храната, а со тоа и раст на инфлацијата.
СДСМ најавува дека од наредниот месец следува големо покачување на пензиите, според новата методологија на усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и на платите.
Платите континуирано се зголемуваат. Според последните официјални податоци, просечната плата во јуни се искачи на 31.869 денари. Покачување на платите од септември ќе има во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита.
Се подготвуваат и нови антикизни мерки. Со ребалансот на Буџетот веќе се обезбедени 76 милиони евра за антикризни мерки кои што како пакет се подготвуваат за четвртиот квартал оваа година.
СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои имаат за цел заштита на животниот стандард и полесно справување на граѓаните и економијата со последиците од глобалната економска и енергетска криза, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија.
Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини, неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник, непочитување на мерките за заштита на животната средина, пренесување на концесијата на друг субјект без согласност и експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел.
Од Министерството информираат дека во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија.
МЕРМС води и регистар на одземени концесии и тој од следниот период поради поголема транспарентност ќе биде јавно објавен на сајтот на министерството.
Министерката Сања Божиновска истакна:
„Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. “
Економија
Мицкоски: Неколкукратно е зголемена бројката на апликанти за мерката млад земјоделец во вредност од 70 милиони денари

Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена неколкукратно односно на 117 апликанти.
Можеби бројката 117 не значи многу грандиозно, но ако се има предвид дека во 2023 година од 44 апликанти, само 18 имаме корисници, тогаш станува збор за неколкукратно зголемување. Така што веднаш по завршување на локалните избори кога веќе ќе ги немаме оние законски ограничувања, и формално ќе биде ставена во функција оваа мерка за поддршка на младите земјоделци.
Економија
Во јули годишен раст од 13,0 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,0%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0%, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот