Свет
Берлин и Париз се против забраната за руски туристи
Европската унија не смее да ги спречи руските туристи да го посетат блокот, најавија Германија и Франција пред состанокот на министрите за надворешни работи во Прага.
На оваа средба ќе се разговара за барањето на балтичките земји и на некои други членки за воведување забрана за издавање визи на Русите.
– Иако ги разбираме грижите на некои членки во овој контекст, не треба да ја потценуваме трансформативната моќ на доживување на животот во демократските системи од прва рака, особено за идните генерации – се наведува во француско-германскиот документ што денеска го виде Ројтерс.
Во соопштението за медиумите се наведува дека визната политика на ЕУ треба да го одразува токму тоа и да овозможи контакт меѓу луѓето во ЕУ и руските граѓани кои не се поврзани со руската влада.
Подоцна денеска, министрите за надворешни работи на ЕУ се состануваат како дел од дводневниот состанок во Прага, пренесе Аваз.ба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Два медицински тима го оперирале словачкиот премиер пет часа: Фицо е во стабилна, но се уште во тешка состојба
Лекарите во текот на ноќта успеале да ја стабилизираат состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по вчерашниот атентат во градот Хандлови, но тој се уште е во тешка состојба, соопшти денеска директорката на болницата во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова.
Фицо бил хоспитализиран, а два медицински тима го оперирале словачкиот премиер пет часа.
„Во моментов се преземаат дополнителни активности за подобрување на неговата состојба“, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак.
Осомничениот е уапсен на местото на престрелката.
Министерот за внатрешни работи, Матус Сутај Естока, го опиша како политички мотивиран обид за атентат.
Свет
Девојка докторирала на Универзитетот во Аризона на 17-годишна возраст
Американската тинејџерка од Чикаго, Дороти Џин Тилман Сектер, докторирала на Универзитетот во Аризона минатата година на 17-годишна возраст, додека на факултет се запишала на десет години.
„Минатиот декември таа успешно ја одбрани својата докторска дисертација и стана најмладата личност со докторат во областа на интегрираното здравје во однесувањето на Универзитетот во Аризона“, изјави професорката Лесли Менсон за ABC.
Тилман, позната како „Генијалката Дороти“, е внука на поранешната градска советничка во Чикаго, Дороти Тилман.
Регион
Несреќа во Хрватска: бегале од полицијата и се забиле во ѕид, четворица мртви, меѓу кои и едно дете
Тешка сообраќајна несреќа се случила во четвртокот околу 7 часот во местото Брнаже кај Сињ. Четири лица загинаа при излетување на патничко возило од коловозот, кое потоа удрило во ѕид. Останатите лица кои се наоѓале во возилото, кое било со камп приколка, се пренесени во болница.
„Според првите информации загинатите најверојатно се мигранти“, информираат од сплитско-далматинската полиција.
Сообраќајната несреќа се случила по полициска потера од Триљ до Брназ, каде патнички автомобил со унгарска регистрација поради пребрзо возење удрил во ѕид од семејна куќа, пишува Dalmacija news.
Загинаа дури четири лица.