Македонија
(Видео) Стоилковски: Зајкова да се повлече од морални причини, ЈО да го провери работењето на Урбанизам во Маврово и Ростуше
Моника Зајкова, пратеник од владејачкото мнозинство има морална обврска да се повлече од пратеничката функција и да се извини за сите нејзини демагогии и антимакедонски зафати. Институциите мораат да го разгледаат досието за легализација на дивоградбата на Зајкови во Трница, Маврово, но и да ја разгледаат работата и легализациите од секторот за Урбанизам, а во врска со злоупотребите на Законот за легализација од 2011-та година, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој го покажа текстот на писмото до претседателот на државата каде што второпотпишана е Моника Зајкова, писмо со коешто таа во суштина тврди дека доколку се донесе закон да се легализираат дивоградби изградени по 2011-та година, односно градењето на диво по 2011-та година, тогаш се стимулира криминал, се легализира криминал, а „сите одговорни граѓани, кои што ги минале сите предвидени постапки од ДУП-от за прибивање на одобрение за градба, се ставаат во подредена и дискриминирачка позиција“, односно дека се испраќа порака дека може да се узурпира како вели државно земјиште. Таа со овој потпис е децидно против тоа.
Стоилковски истакна дека Моника Зајкова настапувајќи со вакви ставови во јавноста, а знаејќи дека токму нејзината семејна вила е легализирана на криминален начин, дека градена по 2014-та година, значи речиси 5 години по законот кој што важи легализацијата, а е легализирана со лажна изјава на нотар, изградена врз државно земјиште, најмалку е бесрамно и демагогија. Ова е демагогија, ова е срамно и недостоинствено, ова е поразително за македонскиот Парламент. Ова ги доведува во прашање сите одлуки и гласања на Зајкова а антимакедонските политики во Собранието.
Истовремено, знаејќи ја фактичката состојба во Трница, институциите не смеат да спијат и со тоа да бидат соучесници во овој криминал туку мора да направат детална истрага во општината Маврово Ростуше во врска со легализирањето на дивите градби на Трница. Македонската црвена буржоазија не може да биде над народот, ниту да ужива во нејзина неказнивост. Додека народот го доведоа на просјачки стап, тие градат вили, а системот им ги легализира.
Ова мора да има крај, изјави Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба Фетаи–Лоутон: Продлабочување на партнерството меѓу Северна Македонија и САД
Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, оствари работна средба со Даниел Џ. Лоутон, заменик-помошник државен секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања (EUR) при Стејт департментот на Соединетите Американски Држави.
На средбата се разговараше за стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД, како и за продлабочување на соработката во областите на владеењето на правото, институционалните реформи, борбата против корупцијата и зајакнувањето на практиките на добро владеење. Заменик-претседателот на Владата Фетаи ја потенцираше посветеноста на Владата за унапредување на демократските стандарди, зголемување на транспарентноста и отчетноста, како и спроведување реформи кои обезбедуваат правично и ефикасно функционирање на јавните институции.
Заменик-помошник државниот секретар Лоутон ја реафирмираше силната поддршка на САД за реформските процеси во земјата, потенцирајќи ја важноста од продолжување на стабилните политики што го поттикнуваат евроатлантското интегрирање, институционалната стабилност и демократскиот развој. Заменик-претседателот на Владата Фетаи и заменик-помошник државниот секретар Лоутон се согласија да продолжат со редовна комуникација и координација за прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на зајакнување на доброто владеење и институционалниот интегритет.
Во рамки на посетата, заменик-претседателот на Владата Фетаи оствари работна средба и со Марк Тервакоски, Директор на Канцеларијата за Европа и Азија при Бирото за Меѓународни Наркотични Прашања и Спроведување на Законот.
Македонија
Средба на Гаши со шеикот Махир Муајкали
Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со Имамот на Каба, шеикот д-р Махир Муајкали, кој за првпат е во четири дневна официјална посета на државата.
На средбата беше присутен и Реис ул Улема Шаќир еф. Фетаху, поглавар на Исламска верска заедница (ИВ).
„Во срдечната и конструктивна атмосфера, соговорниците се осврнаа на значењето на неговата посета, како и на важноста од меѓусебното почитување и разбирање. Притоа беше изразена искрена благодарност до државните власти на Кралството Саудиска Арабија за нивната досегашна поддршка и соработка. Во разговорот беше нагласено и значењето на зајакнувањето на врските и вредностите што ги споделуваат двете земји и народи, како и заедничката подготвеност за унапредување на институционалните односи и продлабочување на меѓусебната соработка“, соопшти Собранието.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“
ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци ќе го одржи својот 18-ти редовен Конгрес. Од партијата велат дека овој Конгрес претставува ново поглавје во политиката, во која првенствено треба да се обезбеди стабилно, предвидливо и државничко водство.
На Конгресот ќе биде донесена новата Стратегија на партијата: „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ (правци за дејствување, развој и државно водство), како и пропратни документи на истата.
„За да опстои и да напредува, македонската држава мора да има јасен стратегиски правец: стабилна државност, функционални институции, модерна економија и цврсто заштитен македонски идентитет. Оваа стратегија ја дефинира улогата на ВМРО-ДПМНЕ токму во таа насока: партија што предвидува, а не следи; партија што гради систем, а не мандат; политичка сила што поставува долгорочна архитектура на државата. Со оваа Стратегија ВМРО-ДПМНЕ се дефинира како водечка европска, демократска и вредносно ориентирана политичка сила во Македонија“, велат од партијата.

