Македонија
ДСЗИ го објави извештајот од надзорите, починатиот беровец 14 дена бил по болници
25-годишното момче од Берово кое почина по интервенција на заб на 24 август, со голем оток првпат побарало помош од матичниот стоматолог на 10 август. Државниот санитарен и здравствен инспекторат го изготви извештајот од вонредните инспекциски надзори во сите здравсвени институции во кои момчето побарало помош. Го објавуваме во целост.
„Државниот санитарен и здравствен инспекторат по допрен глас за починат пациент од Берово после хируршка интервенција на заб, изврши вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде се јавил на преглед во врска со здарвствената состојбта која завршила си смретн исход ,при што е констатирана следната фактичка состојба:
Посета кај матичен стоматолог
Од увид во индивидуалниот стоматолошки картон е утврдено дека од 10.08.2022 год Д-р.Слободан Рушковски од ПЗУ Д-р.Рушковски-ординација по општа стоматологија во Берово е матичен стоматолог на пациентот Ј.Д., кога за прв пат е извршен стоматолошки преглед при што е утврдено присуство на огромен оток на десна страна без можност да се изврши орален преглед поради болка и присутен тризмус (вкочанетост на долната вилица).Веднаш е креиран спец.упат до спец.по орална хирургија при ПЗУ Д-р.Чавков – Д-р.Бајрактаров орална -специјалистичка ординација по орална хирургија во Струмица) во мој термин за 09.30 часот на 11.8.2022год, Од увидот во здравствената евиденција и електронскиот систем е констатирано дека упатот не е реализиран ,односно пациентот не се јавил на преглед.Препишана антибиотска терапија од страна на матичниот стоматолог.
На 13.08.2022год пациентот Ј.Д. во 22.30 часот( сабота) поради болка и оток повторно се јавил на преглед при што како итен случај повторно е упатен до специјалист , но овој пат специјалист максилофацијален хирург при ЈЗУ КБ Штип . -посета кај матичен лекар :
Истиот ден , на 10.08.2022г. по препорака на матичниот стоматолог пациентот се јавил кај матичниот лекар Д-р.Ванчо Ременски при ПЗУ Поликлиника Биомедика при што од извршениот преглед било констатирано оток и болка во десна букална и субмандибуларна регија, при што од страна на матичниот лекар е ординира друг антибиотик и остната супортивна терапија.. На ден 13.08.2022год пациентот Ј. Д. дошол на контролен преглед при што е констатирано и понатаму присуство на оток и болка , назначено да продолжи со препорачаната терапија.
На 19.08.2022г.во индивидуалниот картон е заведен извештај (прилог кон отпусно писмо) од ЈЗУ КБ Штип-Максилофацијална хирургија од Д-р.Владимир Милошев со назначена терапија .
Посета во ИМП-Берово
Од увид во амбулантскиот дневник на Итна медицинска помош Берово на 21.08.2022г. во вечерните часови ( не е прецизиран часот) заведен е преглед на пациентот Ј. Д кој побарал здравствена помош поради општа лоша состојба со постоечка инцизиона рана со дрен, извршена е тоалета и преврска на раната, ординирана амп.Диазепам и.м, дадена оксигена терапија (кислород), препорачано земање на табл.Парацетамол за дома , со напомена ако е потребно веднаш да се јави повторно на преглед на ИМП.
На 22.08.2022г. во 02.30 часот пациентот Ј.Д. со придружба од семејството повторно дошол во ИМП-Берово каде поради влошена општа состојба му е ординирана терапија физиолошки р-р 500мл и амп.Новалгетол 5 мл( и.м) и со возило на ИМП-Берово во придружба на мед.сестра е транспортиран до ЈЗУ КБ-Штип каде веднаш е примен
Лекување во ЈЗУ КБ-Штип
Пациентот Ј.Д прв пат се јавил на преглед во ЈЗУ КБ Штип на ден 13.08.2022g.во дежурна ургентна амбуланта каде дежурниот доктор д-р.Владимир Милошев спеијалист .максилофацијален хирург извршил преглед. Ординирана терапија , направена РТГ на глава и запис за прием на болничко лекување. По приемот на хирушко одделение со максилофацијална хирургија извршена е екстракција на забот и киретажа , но бидејќи не е воспоставено спонтано дренирање извршена е екстраорална длабока инцизија со поставување на лашва за пасивна дренажа. Пациентот е задржан на болничко лекување до 19.08. 2022 год. од каде по подобрување на општата и локална здравствена состојба , по извршена контрола на медијастинумот со цел утврдување на дистално ширење на инфекцијата направен е контролен Ртг на бели дробови и добиен уреден наод, направени се контролни лабараториски испитувања, со препорачана терапија е испишан на домашно лекување .Закажана е контрола за 2 дена односно за 21.08.2022г. На 21.08.2022г. пациентот се јавил на контрола во ЈЗУ КБ-Штип каде е извршена преврска на инцизионата рана и повторно му е закажана контрола за 23.08.2022г. На 22.08.2022г. во 04.40 часот поради влошена состојба ( обилно крварење од инцизионата ектраорална рана , фебрилен, со отежнато дишење и намалена сатурација со возило на итна медицинска помош од Берово е донесен во ЈЗУ КБ-Штип. По пристигнување во ЈЗУ КБ-Штип пациентот Ј. Д. веднаш е спроведен во операциона сала , извршена е интубација и со општа анестезија пристапено е кон оперативна интервенција (подлабоко отварање на инцизионата рана .Истовремено се земени се два бриса- не се најдени патогени бактерии според лабораторискот извештај додека резултатот од хемокултурата за време на инспекцискиот надзор сеуште е во тек. . Истовремено телефонски е побарана консулатација со професоре д-р.Даница Поповиќ спец.максиолофацијален хирург од ЈЗУ УК-Максилофацијална хирургија во Скопје, која лично пристигнала во 08.30 часот на 23.08.2022г и дала насоки пациентот да не се транспортира во таква состојба во Скопје туку во наредните 24 часа да биде следена неговата состојба на одделението за интензивна нега со реанимација во ЈЗУ КБ-Штип . На 23.08.2022г. поради влошување на здравствената состојба на пациентот Ј. Д., со болничко возило и во придружба на специјализант доктор по анестезија и главна мед.сестра на анестезија е пренесен на ЈЗУ УК-Карил во Скопје.
Прием на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ – ОЕ за анестезиологија , реанимација и интензивно лекување
Пациентот е примен на ден 23.08.2022 год по претходно креиран упат од страна на др Владимир Милошев од ЈЗУ КБ Штип за понатамошно лекување. Пациентот е примен во крајно тешка состојба со знаци за септичен шок . Веднаш се преземени сите мерки за интензивно лекување, мониторинг, иследувања и терапија . Пациентот доаѓаа со веќе извршена дијгностичко иследување КТ на белодробие после кое заради итноста на ситуацијата е повикан торакален хирург кој по преглед на компјутерскиот наод поставува торакален дрен. И покрај сите преземени мерки согласно протокол кај пациентот настапува смрт на ден 24.05,2022 година“, стои во извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии
На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување огласи за раководни позиции во партијата, информира премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, преку објава на Фејсбук.
Извршниот комитет одлучил да распише огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата биле избрани и нови претседатели на повеќе партиски комисии. За претседател на Комисијата за здравство е избран Сашо Клековски, на Кадровата комисија Благоја Ташаминов, на Комисијата за безбедност и одбрана Панче Тошковски, додека за претседател на Комисијата за туризам е избран Аккан Махмут.
За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински.
„Промени. Го слушаме гласот на членството. Вистинскиот избор за заедничка иднина!“, напиша Мицкоски во објавата.
Македонија
Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес
Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува, со поддршка од семејството и најблиските.
Неговиот адвокат Бранислав Станишиќ потврди дека Кајмакоски е физички стабилен, но дека последиците од шокот сè уште се присутни.
Како што наведе, истрагата е во тек.
„Истрагата е во тек и таа ќе потрае. Што се однесува до Даниел, тој е психички и физички добро, што во овој момент е најважно за него и за семејството. Оваа ситуација остави, условно кажано, последици од шок, но фала му на Бога, ги надминува“, изјави Станишиќ, пренесоа српските медиуми.
„Ако ме прашате за самиот случај, не можеме да изнесеме премногу информации додека осомничените за извршување на ова гнасно кривично дело не бидат приведени пред правдата, бидејќи потрагата по нив сè уште трае. Во договор со полицијата, во овој момент не можеме да споделиме повеќе детали. Осомничените го напуштиле местото кај Рума, односно локацијата каде што автомобилот останал запрен по удар во банкина. Оттогаш ја напуштиле таа област и по нив сè уште се трага“, додаде адвокатот.
Тој изјави дека потрагата се движи во насока на лица кои најверојатно се од турско потекло.
„Засега тоа е информацијата со која располагаме. Најверојатно не се државјани на Република Србија. Зборувале на турски јазик или на некој сличен, а и нивниот изглед упатувал на тоа дека се од некоја таква земја. Не знаеме дали станува збор за мигранти или во каков статус престојувале тука. Со Даниел сум во постојан контакт и реагираме во координација со полицијата“, рече Станишиќ.
Адвокатот нагласи дека Кајмакоски не се замерил со никого и дека немал причина да претпостави дека би можело да му се случи вакво нешто.
„Даниел пред сè е уметник и не е човек кој би можел да препознае знаци дека некој евентуално го следи. Тој лично не забележал ништо. Никогаш никому не му замерил, нема причина некој од лични побуди да посегне по него. Да имало некаков сомнеж, веројатно и самиот би помислил дека нешто вакво може да се случи. Својот работен ангажман го извршува професионално и никогаш не бил дрзок или навредлив кон некого“, изјави Станишиќ.
Тој додаде дека според нивната проценка, мотивот најверојатно бил материјална корист.
„Ова најверојатно е направено со цел стекнување материјална корист. Даниел има доверба во полицијата и убедени сме дека тие професионално ќе си ја завршат работата. Се надеваме дека потрагата по осомничените ќе заврши брзо, бидејќи полицијата е на висина на задачата“, заклучи адвокатот.
Македонија
Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор
Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување и се во стабилна состојба, додека од Армијата велат дека се спроведени здравствени протоколи и дека состојбата на останатите слушатели е под редовен надзор.
Потполковник Лариса Оранска, епидемиолог во Воено-медицинскиот центар, информира дека првиот случај бил регистриран минатиот четврток, по што веднаш бил извршен увид и биле активирани превентивни мерки. Заболеното лице било упатено на специјалистички преглед и домашно лекување, а потоа бил спроведен вонреден здравствен надзор.
Сите присутни војници биле прегледани, при што лицата со кожни промени биле дополнително упатени на специјалист. Останатите се без симптоми и продолжуваат со редовните активности. Оранска посочи дека болеста не потекнува од Армијата и дека, според проценките, е внесена однадвор.
„Шугата сигурно е донесена однадвор. Досега не сме имале во Армијата случај нити кај старешините, нити кај професионалните војници. Тоа е сигурно внесено однадвор“, изјави Оранска.
Во објектите каде што се сместени слушателите е спроведена целосна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Надзорот ќе продолжи секојдневно, имајќи предвид дека инкубацијата на болеста може да трае од 10 дена до шест недели.
Портпаролот на Генералштабот, потполковник Дарко Стерјовски, изјави дека условите во касарната се во согласност со правилниците и ги отфрли наводите за несоодветни услови, вклучително и тврдењата дека нема топла вода. Според него, во објектот има соодветно греење и услови за нормален живот и обука.

