Свет
Кулеба: ЕУ да го забрани доаѓањето на руски туристи, тие ја поддржуваат геноцидната војна
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ја повика Европската Унија им забрани влез во земјите-членки на руските туристи, опишувајќи ја мерката како соодветна бидејќи повеќето Руси ја поддржуваат „геноцидната агресивна војна“ на нивната земја против Киев.
„Помина времето за полумерки“, изјави Кулеба за „Ројтерс“ пред вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Прага.
„Само строга и конзистентна политика може да даде резултати. Мнозинството руски граѓани ја поддржуваат руската геноцидна војна“, рече Клуеба.
Се очекува министрите да се согласат да го суспендираат договорот за визно олеснување со Москва, што значи дека Русите ќе мора да чекаат подолго и да плаќаат повеќе за визите, додека блокот најверојатно ќе остане поделен околу целосната забрана за патување во ЕУ.
„Забраната на визите за руските туристи и некои други категории ќе биде соодветен одговор на руската геноцидна агресивна војна во срцето на Европа, која ја поддржува огромното мнозинство руски граѓани“, рече Кулеба во изјавата за „Ројтерс“.
Тој исто така предложи да се започне специјална програма за руските војници кои повеќе не сакаат да се борат во Украина. „Пораката е: спасете се и заминете. Оставете го оружјето, предадете се на украинските сили и добијте шанса да започнете нов живот“, рече Кулеба.
„Убеден сум дека вреди да се даде таа понуда, бидејќи дури и еден руски војник да го остави оружјето и реши да замине, тоа значи спасени животи на Украина и поблизок мир“, рече Кулеба.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот ги повика руските војници да бегаат за да ги спасат своите животи откако неговите сили започнаа офанзива за повторно заземање на јужна Украина. Москва тврди дека го одбила нападот и им нанела големи загуби на силите на Киев.
Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинските сили ги потиснале руските сили на некои места на јужното бојно поле, искористувајќи ја релативно слабата руска одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото+видео) Илјадници граѓани на протести низ Србија, блокирани сите три моста во Нови Сад
Студентите денеска блокираат три моста во Нови Сад, по повод три месеци од уривањето на настрешницата на градската железничка станица.
Блокадата започна во 15 часот. Варадински и мостот Жежељ мост ќе бидат блокирани три часа, а Мостот Слобода 24 часа.
На демонстрантите им се придружија белградските студенти кои во четвртокот тргнаа пеш кон Нови Сад.
Како што јавуваат српските медиуми, колоната е огромна и почнува од Универзитетот, а насобраните носат пароли и транспаренти. На самиот мост и неговите приоди веќе се собрани околу десет илјади граѓани.
Меѓу учесниците во блокадата на Мостот Слобода во Нови Сад има и трактористи, кои се распоредени по различни улици. Дел од нив се упатуваат кон мостот, а по нив студенти и граѓани.
По примерот на Нови Сад, денеска се блокирани и мостовите во Чачак.
Blokirani mostovi u Čačku ❤️ pic.twitter.com/qi3Kur6zsw
— Nikola Vujadinović (@vujadino2) February 1, 2025
Граѓаните се собраа и во Младеновац.
GO Mladenovac, 1.2.2025. pic.twitter.com/NYbMoHwYFb
— Predrag Aleksendrić 🌍 (@NaDrugiPogled__) February 1, 2025
Сите приоди од градот кон Дунав се блокирани. Ниту еден од нив не може да се пријде по ниту еден пат. Сообраќајот низ градот е или блокиран или се движи бавно.
Двете страни на реката, Сремска и Бачка, се практично одвоени, така што не може да се оди ниту во Петроварадин, ниту во Сремска Каменица.
Брнабиќ: Потребен ни е дијалог и разбирање
Претседателката на Националното собрание Ана Брнабиќ на социјалната мрежа „Х“ се огласи за претстојниот протест во Нови Сад . Таа рече дека „треба дијалог, разбирање и толеранција“.
Србији је потребан мир, потребна јој је стабилност, потребан јој је дијалог. Данас нам је у Новом Саду потребна толеранција и разумевање. Апелујем на све наше грађане да се клоне сваке врсте сукоба. Верујем да ће, нажалост, данас бити људи који ће свесно покушати да изазову…
— Ana Brnabic (@anabrnabic) February 1, 2025
Вучевиќ: „Градот ќе го казнат со блокирање на мостовите“
Зборувајќи за блокадите во Нови Сад, српскиот премиер Милош Вучевиќ рече дека не ги разбира, наведувајќи дека градот ќе биде казнет на овој начин.
Премиерот рече и дека во Србија владата може да се избира само на еден начин, на избори по волја на народот.
Вучиќ: „Се додека некој не ѝ се заканува на земјата со насилство, ние ќе бидеме флексибилни“
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера зборуваше за граѓанските и студентските протести.
– Се додека некој не ја загрозува стабилноста на земјата со насилство, ние ќе бидеме многу флексибилни и ќе се однесуваме многу фер кон оние кои размислуваат поинаку и поинаку ја гледаат иднината на нашата земја. Впрочем, тоа е смислата на демократијата – рече Вучиќ.
Правила за протест
Студентите апелираат до насобраните протестот да се одвива мирно и без инциденти. Дополнително, важно е никој да не остава ѓубре зад себе, за што ќе се погрижи тимот за хигиена на лице место. Тие ги повикуваат граѓаните да бидат толерантни и внимателни кон другите.
Тие нагласуваат дека се забранува секаков облик на насилство или уништување на градски имот, како и фрлање петарди или каква било употреба на експлозивни направи. Забрането е качување по мостови, со строго почитување на безбедносните зони.
Наведуваат и дека е забрането фрлање ѓубре и отпушоци надвор од канти и небезбедни приоди кон апаратите за греење. Исто така, забрането е искачување на трактор и блокирање на брзата лента за возила за итни случаи. Секое прекршување на правилата и сомнителни лица треба да се пријават кај чуварите.
Во несреќата која се случи на железничката станица во Нови Сад, на 1 ноември лани, загинаа 15 лица, меѓу кои и Македонецот Васко Саздовски.
Свет
(Видео) Русија со балистички проектили го погоди центарот на Одеса, има повредени
Руските сили синоќа извршија балистички ракетен напад врз центарот на Одеса, ранети се најмалку три лица, изјави Олех Кипер, шеф на регионалната воена управа на Одеса.
– Алармот штотуку е укинат, а Државната служба за итни случаи го гаси пожарот. Сите служби за итна помош се на лице место. Ова е густо населена област, но благодарение на брзата реакција на полицијата и другите служби, луѓето се преместени на безбедно“, додаде тој.
🇺🇦🔱 The enemy struck the center of Odessa.
the arrival occurred near the elite Bristol Hotel .
They attacked the historic center of Odessa"
russians used a combination of cruise and ballistic missiles for the strike.Two women were injured, Both are hospitalized in moderate pic.twitter.com/r3HEBtMQ2k
— Tracey SBU Fella 🇬🇧🇺🇦 #NAFO (@trajaykay) January 31, 2025
Кипер потврди дека хотел бил директно погоден и дека спасувачките екипи ги расчистуваат урнатините во потрага по кој било кој можеби бил внатре за време на нападот.
Russia launches ballistic missile strike on Odessa. Casualties reported#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/0fn46N2Hk5
— україночка_з_гарними_очима (@MarisChelo) January 31, 2025
– Според првичните извештаи, за време на нападот луѓето биле во засолништа. „Меѓутоа, сега ги проверуваме собите за да се увериме дека никој не е заробен или повреден во хотелот или во околните згради што се урнати“, објасни тој.
Свет
Хамас ослободи уште двајца заложници
Палестинската милитантна група Хамас му предаде двајца израелски заложници на Црвениот крст во Кан Јунис, Газа, а третиот се очекува да биде ослободен подоцна на друга локација.
Израелската војска објави дека добила информација од Црвениот крст дека Хамас им ги предал заложниците Јарден Бибас и Офер Калдерон.
Црвениот крст сега треба да ги доведе до силите на ИД и Шин Бет во Појасот Газа и потоа ќе бидат евакуирани од палестинската енклава под придружба, пишува Тајмс оф Израел.
Претставник на израелската безбедност за израелските медиуми изјави дека ослободувањето на тројцата израелски заложници се очекува да започне во 8:30 часот по локално време.
Тројцата заложници кои Ханас ќе ги ослободи се Офер Калдерон (54), Кит Сигел (65) и Јарден Бибас (35), пишува Тајмс оф Израел. Предвидено е тие да бидат ослободени од две различни локации во Појасот Газа. Официјалното лице нагласи дека времето на објавување може да се промени.
За возврат, Израел треба да ги ослободи палестинските затвореници во согласност со примирјето меѓу Израел и Хамас.