Економија
(Видео) Владата: Во рамките на „Отворен Балкан“ од утре почнува Меѓународниот саем за вино, храна и туризам во Белград

Портпаролите го најавија првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на ‘Отворен Балкан’“, кој ќе се одржи во Белград од утре, 1 септември, до недела, 4 септември, кој е дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и е под покровителство на владите на Северна Македонија, Србија и на Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.
Учеството на Северна Македонија на настанот за нашата економија значи обезбедување поголем извоз, откуп и нови пласмани и пазари за македонските храна и вина. Истовремено, ќе се промовираат туристичките капацитети на земјава и ќе се привлечат нови туристи од регионот и пошироко.
Северна Македонија ќе биде претставена преку 42 винарници и 3 дестилерници , како и 10-ина производители на храна, со понуда за дегустација на автентичната македонска кујна.
Дополнително, Северна Македонија ќе биде претставена и на Македонската вечер, под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски, на која ќе биде промовирана македонската економија преку презентација на вина, храна, музика и туризам.
Во политичкиот дел ќе се одржи традиционалниот самит на лидерите од трите држави на иницијативата „Отворен Балкан“, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, и премиерот на Албанија, Еди Рама, како и панел-дискусии.
Ќе биде потпишан договорот за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан. Од областа на културата ќе биде потпишан меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности во Западен Балкан, како и оперативен план во областа на цивилната заштита.
За сите три документи што беа на вчерашната владина седница, беа усвоени извештаи за завршени преговори и утврдени текст-документи, кои ќе бидат финиширани за време на посетата на делегацијата на Владата на Република Северна Македонија во Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93 % во однос на одлуката од 2.06.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,833%, кај дизелот за 3,057%, кај екстра лесното масло за 3,388% и кај мазутот зголемувањето е за 3,088%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5243%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 38,486 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.
Економија
Објавени повици за самовработување, за млади до 29 години грант до 10.000 евра, а за невработени над 29 години грант до 7.000 евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Селајдин Белули, денеска официјално го објавија отворањето на јавниот повик за Мерка 1.1 и Мерката 1.2 во рамки на Оперативниот план за вработување за 2025 година, кои имаат за цел поддршка на самовработувањето на невработените граѓани регистрирани во Агенцијата за вработување.
Мерката 1.1 е наменета за лица над 29 години и обезбедува финансиска поддршка од 430.500 денари односно 7.000 евра за основање на нов бизнис, а Мерката 1.2 се однесува за млади до 29 години, кои имаат можност да добијат поддршка до 615.000 денари или 10.000 евра за основање сопствен бизнис.
Двете мерки, исто така, вклучуваат обука за претприемништво, подготовка на бизнис план и менторство за 6-месечен период за целните групи, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, припадниците на ромската заедница и жените од руралните средини.
„Овие мерки не се само финансиска помош, туку се директна инвестиција во потенцијалот на граѓаните и во развојот на локалната економија“, истакна министерот Дурмиши на прес-конференцијата.
Економија
(Видео) Мицкоски: Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците

Од последни во Европа по странски инвестиции, минатата година која што беше половина наша година, од наша влада, ја завршивме со рекордно ниво на директни странски инвестиции, од милијарда 255 милиони евра што ја прави државата прва во Европа, по странски инвестиции по глава на жител. Тоа значи прва во регионот, од последни- први за само шест месеци, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конференцијата на Унијата на млади сили на партијата што денеска се одржува во Велес.
„Сетете се само на двоцифрените бројки на инфлација. 18-20-22-23 проценти инфлација. За да денес, во март објавиме ниво на инфлација од 2,7% едно од најниските во Европа. Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците 9 – 10 проценти на годишно ниво. индустриското производство кое што беше длабоко во минус, денес во март изнесува 5.2 проценти и е најголемо индустриско производство, раст на индустриско производство, не само во регионот туку и во Европа. Од автопат Кичево Охрид кој стагнираше, и беше најважно подизведувачите да се ако кажат оние од Кичевски Зајас или струмичко до автопат кој се гради и кој за една година ќе биде готов. Затоа што нема повеќе тендери во 4 очи, денес има работа, пот , одговорност и посветеност. Тоа е оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ. Од руинирани и запустени студентски домови, до студентски домови кои се реновираат, кои се градат. И најавувам изградба на еден таков, нов студентски дом во Штип, по склопот на новата зграда на медицинскиот факултет, по склопот на новиот клинички центар, кој што е го почнеме како резултат на Договорот а стратешко партнерство со Велика Британија, 200 нови најмодерни најсовремени легла за нашите млади, за нашите студенти, за идните доктори. Од срамни и штетни, предавнички договори до договори за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Од одземена и обезличена држава до држава која е повторно ваша, и кажува што сака и за што се бори.“, кажа премиерот.