Култура
Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови CAN for BALKANS
Меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“ се одржа во периодот од март до јули 2022 година.
Во финалето на натпреварот влегоа 27 автори од Белгија, Бугарија, Македонија, Романија, Србија, Украина и Кина.
Сите избрани стрипови се создадени специјално за овој натпревар. Покрај уметничкиот квалитет и историската документација, други важни критериуми за оценување беа оригиналноста и начинот на кој се почитуваше темата, особено изборот на теми со пораки за помирување, мир и градење доверба, толеранција и почит.
Меѓународното жири го формираше проф. Адријан Чиоројану (Романија), историчар, дипломат, автор на стрип сценарија и универзитетски професор, проф. Ардијан Исуфи (Албанија), уметник, декан на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот за уметности Тирана (2016-2020), Етјен Шредер (Белгија), познат сценарист и стрип автор, Дражен Ковачевиќ, еден од најважните стрип уметници во Србија и Томе Трајков, промотор на стрипови од Македонија.
И наградените дела и оние прифатени од жирито во финалето (вкупно 141 табли) за прв пат ќе бидат претставени на Меѓународниот историски стрип фестивал во Брашов, почнувајќи од 13 октомври 2022 година, како дел од завршната изложба на европскиот проект. Изложбата потоа ќе гостува оваа година во Тирана (ноември) и Брисел (декември) и следната година во Лесковац (февруари) и Велес (март).
Големата награда на првото издание на конкурсот „CAN for BALKANS“ ја освои Ражван Бронеску од Романија со делото „Аурел Петреску, пионерот на романската анимација“.
Првата награда му припадна на романскиот уметник Јонут Попеску со делото „Балкан засекогаш“. Подиумот го комплетираат уметници од Србија. Коста Миловановиќ ја освои втората награда со „И тројцата пријатели се…“, стрип инспириран од неговиот сопствен живот од почетокот на граѓанската војна (1991 година), која го фати во југословенската морнарица. Третата награда е доделена на стрипот „Ветерот“, дело на Марјан Миланов (сценарио) и Срдан Тодоровиќ (цртежи), со тема инспирирана од трагедиите на битките на српско-бугарската граница во зимата 1915 година.
Меѓународното жири додели и пет специјални признанија: Аљоша Томиќ и Драган Стокиќ Рајачки (Србија) за делото „Деда Рога“; Максимилиен Ван де Виле (Белгија) за делото „Тузла“; Славица Купенкова (Македонија) за делото „Одисеја“; Валентин Јонеску со делото „Другар Ракија“ и Влад Форсеа со делото „Балкански хумор против светот“ ја делат споменатата награда посветена на Романија.
Проектот „CAN for BALKANS – Comics Alliance Networking for Balkans“ е еден од 13-те победнички проекти на повикот „Зајакнување на културната соработка со и конкурентноста на културните и креативните индустрии во Западен Балкан“ (EACEA 39/2019), во рамките на Програмата за финансирање Креативна Европа и ја спроведуваат Историскиот музеј на округот
Брашов (водач на проектот), Националниот музеј на Албанија, Музејот на уметноста на стрипот Брисел – белгиски стрип центар, Стрип Центар на Македонија – Велес (Македонија), Училиште за стрип „Никола Митровиќ Кокан“ – Лесковац (Србија).
Проектот е финансиран од Европската комисија преку Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA) во Брисел и има период на имплементација помеѓу март 2021 и март 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Концерт на Георги Шарески – Есенски музички свечености
Фестивалот „Есенски музички свечености“ продолжува на 31.10.2025г. (петок) со концерт на Георги Шарески – соло гитара со авторска музика, кој ќе се одржи со почеток во 20:00 часот во Салон 19:19.
Георги Шарески е гитарист, композитор и аранжер кој се истакнува со својот препознатлив стил, спојувајќи балкански ритми со џез, фјужн и современа класична музика. Неговата музика се карактеризира со длабока емоционалност, комплексна хармонија и суптилна виртуозност. Со девет авторски албуми, Шарески настапува како соло артист и со врвни музичари од Македонија и пошироко. Неговите проекти ги надминуваат жанровските граници, спојувајќи традиција и современ израз. Редовно настапува на реномирани фестивали и сцени во Европа и светот,
придонесувајќи за меѓународната афирмација на македонската современа музика.
Билетите се во продажба на karti.com.mk.
Култура
Македонската филхармонија во Златната сала на „Музикферајн“ – Виена аплаудира на македонската уметност
Во чест на 80-годишниот јубилеј, Македонската филхармонија синоќа одржа концерт во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена – еден од најзначајните храмови на класичната музика во светот.
Касинос Австрија Интернешенал Македонија со гордост ја поддржа оваа исклучителна музичка вечер, потврдувајќи ја својата долгорочна заложба за унапредување на културниот живот и промоција на македонската уметност пред светот.
Настапот под диригентство на Јерухам Шаровски, со солистите Ана и Игор Дурловски, донесе импресивен спој на македонска и европска класика, кој ја воодушеви виенската публика. Преполната сала со стоечки овации и долги аплаузи ја поздрави изведбата на нашите музичари, особено делата на Глигор Смокварски, Бете Илин и петте традиционални македонски песни во аранжман на Сони Петровски.
На сцената во срцето на Виена, градот каде што се роди класичната музика, оркестарот на Македонската филхармонија приреди незаборавна вечер исполнета со страст, емоции и музичко совршенство.
Култура
Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и Балет
На сцената на Националната опера и балет на 7 ноември со почеток во 20.00 часот, ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало – едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое со децении ја освојува публиката ширум светот.

Приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Унгарија, Кочар Балаж, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, кореографијата е на Олга Панго, концерт – мајстор е Климент Тодороски, а хор – мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Во солистичката екипа настапуваат: Дешира Амети Крлиу (Неда), Антонело Паломби од Италија (Канио/Палјачо), Марјан Јованоски (Тонио), Драган Ампов (Силвио), Јане Дунимаглоски (Арлекин), заедно со хорот, оркестарот и балетските солисти на Националната опера и балет.

Операта „Палјачи“ е едно од најпознатите дела на италијанскиот веризам. Премиерно е изведена во Милано во 1892 година, а Леонкавало сам го напишал либретото, инспириран од вистински настан. Делото ја ја открива тенката линија помеѓу уметноста и реалноста, љубовта и љубомората, смеењето и солзите. Со незаборавната арија „Vesti la giubba“, ова ремек-дело го допира секое срце и потсетува дека и зад маската на насмевката може да се крие болка. „Палјачи“ претставува едно од најемотивните и најизведуваните оперски дела во историјата.

