Забава
Канје Вест го обвини „Гап“ дека го исклучува од состаноците и дека краде дизајни на „Беленсијага“
Раперот и претприемач Канје Вест се огласи со серија обвинувања против модната компанија „Гап“ и тврди дека гигантот за малопродажба го исклучува од состаноците и ги краде неговите дизајни за „Беленсијага“.
Вест (45), кој го објави својот прв заеднички производ со компанијата минатата година, ги сподели своите поплаки во серија објави на „Инстаграм“, кои сугерираат дека меѓусебниот однос со компанијата станал тежок.
Во објава на социјалната мрежа во вторникот Канје напиша: „Компанијата одржала состанок за мене без мое присуство“. Покрај текстот, сподели фотографија со облека расфрлана на подот и очила за сонце.

Обвинувањата продолжија во средата кога Канје ја обвини компанијата дека го копирала неговиот дизајн Yeezy Gap, што го изработи „Беленсијага“ и го користи на нивните маици.
Тој објави и фотографија од наводно украдениот дизајн.
„Ова е Gap што го копира YGEBB“, гласи една од пораките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

