Македонија
Тренчевска: Инвестираме во социјалните услуги со цел нивен развој и долгорочна одржливост
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска, во Клубот на пратениците оддржа брифинг за претставниците на медиумите посветен на напредокот во реализацијата на социјалната реформа и Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) како нејзин инструмент на поддршка.
Посебен акцент на брифингот беше ставен на претстојното преземање на новите социјални услуги, кои се спроведуваат на локалното ниво во системот на централно финансирање.
Министерството за труд и социјална политика обезбеди долгорочна одржливост на социјалните услуги обезбедувајќи средства за нивно финансирање од државниот буџет.
Почнувајќи од септември годинава, социјални услуги, кои досега се финансираа на проектна основа, постепено ќе бидат преземени во системот за централно финансирање за што се веќе обезбедени средства во буџетот за 2022 година.
![]()
„Развојот и одржливоста на социјалните услуги се врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика и на Владата. Токму затоа со голема посветеност работевме на развој на модел што ќе го поттикнат процесот на создавање поквалитетни социјални услуги, кои ќе бидат достапни за што повеќе граѓани. Навистина постигнавме одлични резултати, а сега со обезбедувањето средства за финансирање од буџетот обезбедуваме и нивна одржливост. Ова е од огромно значење бидејќи една реформа може да е успешна само доколку е поставена на принципите на долгорочност и одржливост. Се гордееме што на граѓаните веќе им нудиме услуги што во голема мера го подобруваат квалитетот на нивниот живот, а истовремено се гордееме што преку развојот на овие услуги обезбедивме отворање нови работни места за лицата од најранливите категории“, истакна Тренчевска.
Преку развој на социјалните услуги досега се ангажирани 247 негувателки и стручни лица, а предност имаа лицата од социјално ранливите категории, кои добија можност за работа, но и едукација преку стручни обуки. Услугите досега ги користат речиси 700 граѓани.
Преку првиот јавен повик за доделување грантови за развој на социјални услуги реализиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, досега поддржани се вкупно 22 проекта во 27 општини во земјата.
Покрај овие услуги, во фокусот на социјалната реформа е и подобрување на услугите за згрижување на децата во предучилишна возраст.
Во рамките на оваа реформа Министерството за труд и социјална политика од 2017 година до сега успеа да изгради и реновира 71 детска градинка, со што обезбеди згрижување над 4.500 деца од претшколска возраст. Во тек е изградба на уште 11 градинки. Се очекува до крајот на 2023 година да заврши изградбата на 13 нови градинки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

