Македонија
„Десет лопати за девет години“ – активистите со акција поради вечната изградба на клиничкиот центар во Штип
Во текот на денешниот ден од група активисти беше спроведена активистичката акција „10 лопати за 9 години“. Акцијата е посветена на веќе вечната изградба на новиот клинички центар во Штип.
Акцијата има цел потсетување на надлежните за овој отворен проблем, кој на над 500 илјади граѓани од Источниот и од Југоисточниот Регион им го скратува правото на квалитетна здравствена заштита.
![]()
На лопатите во вид на златни плакети се поставени следните пораки, кои се директно поврзани со изградбата на болницата.
· Техничка документација за нова клиничка болница во Штип од 2013 до 2015 година
· На 6 август 2015 година објавен тендерот за изградба на клиничка болница во Штип
· Министерството за здравство на 7 август 2015 година во Скопје го презентира проектот за нова клиничка болница во Штип
· 3 март 2016 – лопати за старт на новата клиничка болница во Штип
· Ветување дадено на камен-теленикот: Новата болница ќе биде готова за две години
· Болницата ја гради како главен изведувач„ Интракат“ од Грција, а подизведувач е ГП „Бетон“ – Штип
· 6 декември 2018 година пролонгирана изградбата на болницата за две години
· По две години
· 11 август 2020 – судски спор меѓу „Интракат“ и ГП „Бетон“ ја стопира изградбата на болница
· 17 ноември 2021 – Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на „Телма“ обелоденува за повлекување на Банката на Советот на Европа, која беше финансиер на изградбата на клиничката болница во Штип.
· 18 ноември 2021 – Министерството за здравство го потврдува повлекувањето на финансиерот за изградба на болницата
· 6 декември 2021 – нов скандал: објавени поранешни градоначалници, административци, политичари добивале дебели хонорари за изградба на новата болница во Штип
· 4 март 2022 – по шест години, болницата изградена само 30 %
· До кога ќе редиме лопати и ќе чекаме, останува да видиме.
![]()
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

