Економија
МЗШВ: Дополнителни 2 денара по килограм за предадено грозје во преработувачки капацитет
Владата на Република Северна Македонија на денешната владина седница по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги донесе новите две дополнителни мерки за финансиска поддршка на лозарите и винариите. Овие две мерки, кои Владата ги донесе, се резултат од конструктивната средба на претставниците на лозарите и винариите со премиерот Димитар Ковачевски и министерот Љупчо Николовски.
Преку измените на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година воведуваме нова мерка за предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, со висина од 2 денара по килограм. Корисници на оваа нова подмерка се земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и остварено производство на винско грозје од реколта 2022 година, кое е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино, или е преработено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет.
Успеавме преку заеднички разговори со лозарите и винарниците оваа година да постигнеме историски најголемо зголемување на откупната цена за грозјето од 30%.
Грозјето од сортата смедеревката оваа година ќе се откупува по просечна цена од 13 денари за килограм, а вранецот по 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени.
Со дополнителните мерки на веќе договорените 13 и 15 денари за килограм ќе се додадат уште плус 2 денара, со што откупната цена на грозјето ќе достигне 15 денара за смедеревка и 17 за вранец. Ако на ова ги додадеме и субвенциите од 40.000, односно 48.000 денари по хектар, стигнуваме до плус 3 денари за килограм, што значи дека со сета наша поддршка и коректниот однос на винариите, лозарите добиваат вкупно 18 денари за килограм за смедеревка и 20 денари за килограм за вранец.
Финансиска поддршка е обезбедена и за винариите преку новата мерка за поддршка на произведено и извесено вино за период од 1.9.2021 до 1.9.2022 година. Корисници на оваа нова мерка се регистрираните производители на вино запишани во Регистарот на производители кои во 2021-2022 година имаат произведено и извезено вино. Финансиската поддршка со оваа дополнителна мерка изнесува 2 денари по литар за наливно вино, 3 денари за стаклена амбалажа до 0.75 литри, 3 денари за bag in box и ПЕТ-амбалажа со тежина од 2 до 10 литри и 4 денари за стаклена амбалажа и ПЕТ-амбалажа со тежина од 0.75 до 2 литри.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство води грижа за секој еден земјоделец. Токму секторот лозарство и производство на вино за нас се од посебна важност, за тоа говорат и мерките кои како поддршка се даваат за лозарите. Од 2017 година до денес преку разни основи на поддршка достигнуваме до висока бројка на инвестирани од околу 76.5 милиони евра, од кои 74 милиони се средства директно исплатени кон лозарите.
Сите овие вложувања и мерки кои министерството и Владата ги презема во насока на поддршка на овој сектор дале резултати. Денес домашното производство на грозје го стабилизираме, со просечно годишно производство од околу 270 илјади тони, додека просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри.
Бележиме раст и кај регистрираните винарски визби чиј број денес изнесува 139 визби, кои располагаат со вкупен капацитет за преработка на вино до околу 200 милиони литри, што е речиси два пати поголем од годишното производство на вино.
Успешните мерки спроведени од министерството и Владата бележат и континуиран раст на извозот на флаширано вино од речиси 69 милиони литри за 2021 година, што претставува пораст од 8,8% по количина споредено со 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

