Свет
Путин: Го бомбардираа Белград без да се грижат за меѓународното право
Рускиот претседател Владимир Путин денеска зборуваше за постојаното кршење на меѓународното право, а како пример ги наведе војната во Ирак, бомбардирањето на Југославија и Белград, кои не беа одобрени од ОН и актуелните обвинувања против Москва.
„Сега многумина зборуваат дека Русија го крши меѓународното право. Верувам дека тоа апсолутно не е точно. Кој ја започна војната во Ирак без одобрение на ОН? Кој ја уништи Југославија под пригодни изговори, кој го стори тоа? Кој ја почна војната во срцето на Европа, бомбардирањето на Белград? Никој не се сеќаваше на принципите на меѓународното право во тоа време“, рече Путин на пленарната сесија на Источниот економски форум во Владивосток, пренесе „Спутник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хелокоптерот во кој загина иранскиот претседател не емитувал никаков сигнал
Хеликоптерот што се урна додека ги превезуваше претседателот и министерот за надворешни работи на Иран немал вкучено сигнален систем или не поседувал, изјави турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Уралоглу им рече на новинарите дека провериле дали има сигнали од хеликоптерот откако слушнале дека се урнал.
„Но, за жал, мислиме дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој сигнален систем бидејќи ние сигурно ќе ги видиме тие сигнали, но немаше“, рече тој.
Регион
18-годишник е уапсен бидејќи го запалил хрватското знаме и го споделил на социјалните мрежи
Осумнаесетгодишник е уапсен во Славонија бидејќи на 1 мај го запалил хрватското знаме во шумата кај Трпија.
Како што дознала полицијата, тој тоа го снимил и го објавил на социјалните мрежи.
„На овој начин тој јавно го подложи знамето на Република Хрватска на потсмев и грубо омаловажување и на јавноста и стави на располагање видео од тој чин преку компјутерска мрежа, во кое повикува на насилство или омраза насочена кон група луѓе поради нивната национална или етничка припадност“, наведува полицијата во кривичната пријава.
Пријавата го товари младиот човек за јавно поттикнување насилство и омраза и нарушување на угледот на Република Хрватска. За овие злосторства му се заканува затворска казна до три години.
Од полицијата потврдија дека со решение на Жупанискиот суд во Вуковар, на 18-годишникот му е одредена мерка притвор.
Свет
Зеленски му го честиташе третиот премиерски мандат на Пленковиќ и му се заблагодари за поддршката на Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му го честиташе третиот мандат на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и изрази благодарност за постојаната поддршка од Украина.
Зеленски на социјалната мрежа Икс напиша дека разговарал со Пленковиќ, кому му се заблагодарил и го потврдил доаѓањето на мировниот самит во Швајцарија.
„Разговаравме и за поддршката на Хрватска за почеток на пристапните преговори на Украина со Европската унија, како и за можноста Хрватска да се приклучи на декларацијата на Г7 од Вилнус за поддршка на Украина“, напиша Зеленски.