Забава
Новиот крал сè уште нема да ја носи круната
По смртта на кралицата Елизабета, Велика Британија доби нов крал, Чарлс Трети.
„Веројатно ќе биде крунисан за една година“, изјави Кејт Вилијамс, професорка по историја на Универзитетот во Рединг, Англија и авторка на „Млада Елизабета: Создавањето на кралицата“, за магазинот „Пипл“.
„Церемонијата на крунисување обично се чека една година бидејќи се смета дека е несоодветно да се одржи крунисување веднаш по смртта на претходниот монарх. Тоа е долг период на жалост“.
Таа се осврна и на претходните тврдења дека Чарлс ќе абдицира во корист на Вилијам.
„Тој го чека ова целиот свој живот и сигурен е дека добро ќе си ја врши својата должност“, додава историчарката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нова тужба против Диди: „Ме силуваше кога имав 16 години и ме остави во фоајето на зградата“
Шон Диди Комбс се соочува со нови обвиненија. Новата наводна жртва во тужбата поднесена во Њујорк изјавила дека раперот ја силувал во 2000 година кога била 16-годишна ученичка. Во тужбата, до која дојде магазинот „Пипл“, се наведува дека тужителката во тоа време живеела на Менхетен со нејзините родители и работела како дадилка во станбена зграда.
Наводно, една од поранешните девојки на Диди живеела во истата зграда.
Во една прилика, тврди тужителот, се сретнала со Диди и двајца мажи кои работеле за него. Диди, според неа, неколку пати ја прашал дали ѝ треба возење до дома. Таа му рекла дека живее „зад аголот“, но во една прилика влегла во неговиот автомобил. Таа тврди дека била збунета кога сфатила дека не ја однеле дома како што ветиле претходно. Тие и понудиле пијалок, по што таа вели дека се чувствувала „поспана“ и „нестабилна“.
После тоа, тврди обвинителот, ја однеле на непозната локација каде Диди ја силувал. Потоа ја вратиле дома и ја оставиле во фоајето на станбената зграда.
Оваа тужба доаѓа по повеќе од триесет други обвинувања против Комбс, бидејќи неговата поранешна партнерка Касандра Каси Вентура ја поднесе својата првична тужба во ноември 2023 година. Диди моментално е во затвор во Бруклин, каде што го чека судењето закажано за мај. Тој се изјасни за невин.
55-годишниот рапер се соочува со обвиненија за сексуална трговија и перење пари, меѓу бројните други обвиненија.
Забава
(Видео) Актерка ги нападна Меган и Хари поради фотографиите на кои ги тешат жртвите во Лос Анџелес: „Тие се туристи“
Неодамна принцот Хари и Меган Маркл беа снимени како им делат храна на луѓето погодени од шумските пожари во Лос Анџелес. Но, нивниот потег предизвика прилично остра реакција на актерката Џастин Бејтмен на социјалните мрежи.
„Меган Маркл и Хари не се ништо подобри од оние што ги искористуваат туѓите несреќи за своја корист. Каква одвратна можност за фотографирање направија. „Дали тие сега се политичари? Тие не живеат овде; тие се туристи, туристи на катастрофи“, напиша Бејтмен на „Икс“.
Meghan Markle and Harry are no better than ambulance chasers. What a repulsive “photo op” they achieved. They are “touring the damage”? Are they politicians now? They don’t live here; they are tourists.
Disaster Tourists. #PalisadesFire https://t.co/Kv6v6jSX4y— Justine Bateman (@JustineBateman) January 12, 2025
Под тоа таа сподели објава со видео од Хари и Меган како споделуваат храна и резерви. Неименуван извор изјави за „Пејџ сикс“ дека Хари и Меган сметаат оти зборовите на актерката се навредливи.
„Меган е родена и израсната во Лос Анџелес. Тоа е, и секогаш ќе биде, нејзин дом. Таа е целосно скршена од сите изгубени животи и домови уништени од овие пожари. Хари и Меган вложија значително време и ресурси. Донираа пари и основни потреби“, додава изворот.
Исто така, се тврди дека Хари и Меган посветиле многу време на волонтирање, дури и пред медиумите да дознаат дека се вмешани во ситуацијата. Тоа го поткрепува и фактот што тие ги отворија вратите на својата вила во Монтесито, вредна 29 милиони долари, за пријателите од Лос Анџелес погодени од пожарот.
Забава
(Видео) Го предизвикуваа славниот пејач да се трка со нив, Џастин Тимберлејк им одговори грубо
На социјалните мрежи стана вирално видео на кое Џастин Тимберлејк се расправа со момци кои го повикаа да се трка со нив.
Кога сфатиле дека славниот пејач е во автомобилот до нив, почнале да викаат: „Тоа е Џастин Тимберлејк! Спушти го прозорецот!“.
🔥🚨DEVELOPING: Grammy award winning singer Justin Timberlake is under backlash after this footage of him ‘being rude’ to a fan that asked to race him surfaced. Timberlake appeared to be annoyed at the time of the recording leaving fans to criticize Timberlake’s approach. pic.twitter.com/GtP2TYrs9f
— Dom Lucre | Breaker of Narratives (@dom_lucre) January 12, 2025
Кога застанале на семафор, Тимберлејк го спуштил прозорецот и ги прашал што сакаат. Тие му рекоа дека сакаат да се тркаат, а тој почна да повторува: „Сакате нешто?“, а потоа додаде: „Тргнете се одовде, деца“.
Видеото е прегледано повеќе од 4,3 милиони пати, а реакцијата на пејачот предизвика поделени мислења. Имено, додека едни сметаат дека добро постапил, други го критикувале и напишале дека е арогантен.
„Го испровоцираа. Мислам дека не беше груб, само изнервиран“, „Сосема очекувана реакција“, „Го испровоцираа некои деца кои немаат почит кон другите“, „Познатите понекогаш забораваат на добрината“, „Можеби беа наметливи, но тој требаше да внимава на својот тон“ и „Овој човек отсекогаш бил дрзок“, се некои од коментари на Икс.