Свет
Путин и Макрон разговараа за Запрожје

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со францускиот лидер Емануел Макрон за ситуацијата во Украина, а посебно внимание беше посветено на обезбедување на безбедноста на нуклеарната централа Запорожје, соопшти денеска Кремљ.
„На иницијатива на француската страна, рускиот претседател имаше телефонски разговор со Макрон. Беше одржан детален и искрен разговор со размена на мислења за ситуацијата во Украина и за прашањата за обезбедување на безбедноста на нуклеарната централа“, се наведува во соопштението.
Путин го информирал Макрон за мерките што ги преземаат „руските техничари за заштита на електраната и му го привлекол вниманието на редовните напади на украинските сили врз централата, вклучително и складирањето на радиоактивен отпад“.
Во соопштението се додава дека „двајцата лидери изразиле подготвеност за неполитичка соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија во врска со ситуацијата со електраната“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина

Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.
Воздухопловните сили објавија на Телеграм дека украинските сили собориле 66 руски беспилотни летала во текот на ноќта.
Во голем број украински региони е прогласена воздушна опасност поради лансирање руски беспилотни летала, вклучувајќи ги Полтавската и Харковската област, Одеса, Киев, Суми, Чернигов, Днепропетровск и Запорожје
Свет
Од денеска за верниците се отвора гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Од денеска гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан.
Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера во гробница одвоена помеѓу две капели во римската базилика, по церемонија на жалост одржана во Ватикан. Церемонијата на поставување на ковчегот траеше околу половина час.
На погребот во базиликата Санта Марија Маџоре присуствуваа само најблиските, а едноставниот, дрвен ковчег на папата беше пречекан со ѕвона.
На мисата во Ватикан, според официјалните податоци од Ватикан, присуствуваа околу 250.000 луѓе, како и 170 странски делегации. Меѓу нив имаше шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, политичари од Италија и други земји, интелектуалци, уметници. Подоцна, италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози изјави дека најмалку 400.000 луѓе присуствувале на погребот на папата Франциск, собрани на плоштадот „Свети Петар“ и по улиците на Рим.
Целиот настан го следеа околу 2.700 акредитирани новинари.
Свет
Има жртви откако возило влета во публиката на уличен фестивал во Ванкувер, Канада

Неколку лица загинаа, а поголем број се повредени кога возило влета во публиката на уличен фестивал во Ванкувер, Канада, соопшти полицијата, без да го прецизира точниот број на жртви.
Полицијата соопшти дека возачот е во притвор по инцидентот во саботата во близина на улицата Фрејзер и Источна 41-ва авенија, објави канадската мрежа Си-Би-Си.
Се наведува дека полицијата ќе објави повеќе информации како што ќе се одвива истрагата.