Македонија
Регистрирани 97 нови случаи на коронавирус, починаа 4 лица
Во последните 24 часа направени се 824 теста, а регистрирани се 97 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 52, Битола, Прилеп и Кавадарци – по 6, Куманово и Штип – по 5, Велес – 4, Охрид и Крива Паланка – по 2, Тетово, Струмица, Неготино, Радовиш, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број позитивни (97), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистрирани сe 61 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 30, Битола – 6, Куманово и Охрид – по 4, Прилеп и Берово – по 3, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Велес, Гостивар и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се 4 починати лица, и тоа: од Скопје, Охрид, Струга и од Гевгелија, на возраст од 80 до 83 години. Две лица се починати во болнични услови и две во домашни услови. Починатите се регистрирани во периодот од 16.8.2022 до 9.9.2022
Направени се 824 теста: ИЈЗ-112, ЦЈЗ Скопје-94, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-4, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-2, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–45, Жан Митрев (Филип Втори)-21, Авицена-18, Биотек-19, Систина-43, лабораторија Лаор-7, Синлаб-1, Ремедика-6, Плодност-7, Генеа-19, Никоб лаб-21, ВФВ медикал-5, Ели медика плус-13, Ројал медика–3, Спектра-ММ-1, Рапид лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 336.
Досега во земјата се направени вкупно 2.160.942 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.986, бројот на оздравени пациенти е 331.740, на починати е 9.520, а бројот на активни случаи изнесува 726.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 160.833, Активни 389
Куманово 18.171, Активни 37
Битола 17.873, Активни 39
Прилеп 15.445, Активни 38
Тетово 14.444, Активни 12
Кавадарци 12.048, Активни 32
Велес 10.764, Активни 22
Охрид 10.287, Активни 19
Гостивар 10.273, Активни 7
Струмица 8.771, Активни 8
Штип 8.733, Активни 18
Кичево 6.062, Активни 4
Кочани 5.544, Активни 12
Струга 5.172, Активни 6
Гевгелија 4.868, Активни 5
Неготино 4.131, Активни 14
Ресен 3.018, Активни 11
Радовиш 2.831, Активни 6
Свети Николе 2.793, Активни 0
Крива Паланка 2.656, Активни 6
Делчево 2.182, Активни 9
Берово 1.870, Активни 8
Дебар 1.812, Активни 1
Валандово 1.600, Активни 2
Виница 1.477, Активни 0
Пробиштип 1.299, Активни 1
Кратово 1.117, Активни 7
Богданци 1.100, Активни 1
Крушево 1.037, Активни 8
Демир Хисар 927, Активни 2
Македонски Брод 798, Активни 2
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 518, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На 53-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Мицевски
Почина поранешниот градоначалник на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Тој имаше 53 години и беше градоначалник од 2017 до 2021 година.
„Со длабока тага ја примив веста за смртта на Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка и наш соборец и сопартиец. Борјанчо беше човек кој искрено и посветено работеше за доброто на својата општина и за сите граѓани, секогаш воден од вредностите на солидарноста, правдата и напредокот. Неговата визија за подобар живот во Крива Паланка остави траен белег врз заедницата и сите кои го познаваа. Неговата човечност, енергија и посветена работа ќе ги паметиме со огромна почит и благодарност. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и соработниците. Нека почива во мир“, напиша на социјалните мрежи лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
„Со длабока тага и неверување ја примив веста за смртта на нашиот другар и сопартиец Борјанчо Мицевски. Во овие тешки моменти, изразувам искрено сочувство до неговото семејство и сите блиски. Нека почива во мир“, напиша на Фејсбук пратеникот Оливер Спасовски.
Македонија
Нова спортска сала доби основното училиште „Наум Охридски“ во Булачани
Основното училиште „Наум Охридски“ во Булачани во општина Гази Баба, доби нова спортска сала. Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот Бобан Стефковски, објектот со површина од 550 квадратни метри, денеска беше пуштен во употреба. Станува збор за инвестиција од 29,7 милиони денари кои ги обезбеди локалната самоуправа.
Честитајќи им на учениците, наставниците и на локалните жители, министерката Јаневска информираше дека Владата има намера во текот на мандатот да изгради триесетина училишни спортски сали, а за две веќе договорите се потпишани.
– За да имаме здрави деца, здрави генерации, неопходна им е физичка активност. Освен за часови по физичко, салата ќе биде достапна и за воннаставни спортски активности, кои создаваат здрави животни навики и ги учат децата од најмала возраст на другарство и позитивен однос кон врсниците, соработка и почит кон другите, ги ангажираат децата со позитивни активности и со тоа ги намалуваат ризиците од застранување, рече Јаневска.
Таа посочи дека МОН е насочено кон градење на поквалитетно образование кое ќе им овозможи на учениците оптимално да ги развиваат знаењата, вештините и компетенциите за да можат подоцна да бидат достојни граѓани на Македонија.
– Затоа и сакаме во што повеќе училишта да создадеме услови за едносменска работа и продолжен престој на децата. Тоа е услов нашите ученици да можат да се натпреваруваат со нивните европски врсници, истакна министерката, додавајќи дека големите промени веќе се случуваат и дека ќе бидат исполнети сите ветувања дадени пред граѓаните, кои воедно се и дел од програмата за работа на МОН.
Македонија
Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски
„Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство“, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.
-Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Ценам дека е ова историски договор со историска најниска каматна стапка, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното пуштање во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“ во скопското село Булачани.
Нагласи дека за да добијат кредит компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ кој можат да го добијат е ограничен на 10 милиони евра.
-Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти кои ќе ги користат како свои административни згради, односно за сопствена потреба, рече Мицкоски.