Економија
„Гранд Ривер“ – Совршен дом за модерни, урбани семејства, креиран за слобода и индивидуалност

Динамичниот начин на живот и постојаната трка за кариерен развој и престиж стануваат едни од базичните карактеристики на урбаните семејства кои живеат во светските престолнини.
Брзото темпо на живот наметнува и потреба од практичност при носење на важните животни одлуки, како што е изборот на нов дом.
Пониските трошоци за домување, блискоста до образовните институции и работните места ги прават станбените единици прв избор за нов дом за новоформираните модерни семејства.
Еден од најважните сегменти во изборот на нов дом на модерните семејства претставува локацијата. Токму локацијата на живеење овозможува голем дел погодности кои на едно семејство му се потребни.
Традиционалните семејства кои се состоеле од двајца родители, нивните биолошки деца, татко кој оди на работа и мајка која останува дома да се грижи за децата, сè потешко опстануваат во денешното ултрамодерно општество. Модерните семејства кои сега функционираат се разновидни, почнувајќи од самохрани родители до многудетни семејства.
Овие разновидни семејства имаат различни потребни кои динамичното живеење ги наметнува и треба да бидат задоволени. Доколку домот во кој овие семејства решиле да живеат се наоѓа на одлична локација која овозможува на дофат да имаат градинки, училишта, аптеки, здравствени установи, одлична конекција со работното место, а воедно и простор за рекреација, тоа многу ќе им го олесни секојдневното функционирање и ќе им обезбеди простор за уживање во скапоцените семејни моменти.
При избор на новиот дом, исто така, клучно е да се внимава на неговата функционалност. Добро осмислените функционални домови сериозно го унапредуваат живеењето со тоа што на семејствата им овозможуваат максимално искористување на просторот и обезбедуваат хармонична атмосфера која во домот внесува топлина и позитивна енергија.
Одличен избор за нов дом за урбани семејства на најдобра локација во Скопје, креиран истовремено модерно и функционално е објектот „Гранд Ривер“ кој се гради спроти хотелот „Холидеј ин“. Станбените единици во овој објект се наменети за урбани луѓе кои живеат енергично, модерни семејства кои преферираат градска динамична средина и луѓе кои претпочитаат хибриден работен живот, на единствена локација во срцето на Скопје.
Објектот „Гранд Ривер“ е местото каде што можете да ја пронајдете вашата слобода и индивидуалност, да ги имате сите погодности на дофат, а, сепак, да уживате во сопствениот мир. Секој стан поседува сопствена тераса што овозможува целосно искористување на природната светлина и можност за уживање во погледот на најатрактивната локација во градот.
Воедно, објектот е дизајниран да овозможи максимален комфор на идните корисници, како и целосно искористување на погледот и природната светлина, како кон реката Вардар, така и кон планината Водно.
„Гранд Ривер“ како дел од комплексот „Гранд Скопје“ нуди единствена можност за неговите идни станари, како близина на модерна шопинг галерија во централниот дел на комплексот, но и простор за одмор и релаксација во строгиот центар на градот, кој го обезбедува софистицираниот урбан парк кој ќе биде составен дел од комплексот.
Сите оние кои се во потрага по нов дом, кој е совршено решение за модерниот начин на живеење, може да добијат персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да го контактираат тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: [email protected].
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Премиерот Мицкоски го посети логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Регионалниот дистрибутивен центар на Лидл Северна Македонија во Речица, Куманово, кој е во завршна фаза на изградба и се очекува да отпочне со работа во пролет 2026 година.
Инвестицијата е вредна 115 милиони евра, ќе овозможи отворање на 230 нови работни места, а во изградбата Лидл соработува со над 75 македонски компании.
Покрај премиерот Мицкоски на настанот присуствуваа и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменик министерот Марјан Ристески, директорот на Царинската управа Бобан Николовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Милена Драгијска, извршна претставничка на Лидл, изрази благодарност за соработката со Владата, во кои, како што рече гледаат големи партнери.
„Овој логистички центар подразбира свежи производи за македонските потрошувачи во секоја продавница, секој ден. Ова е можност и за македонските производители да ги намалат трошоците, односно да ги складираат своите производи овде како централна локација, а дополнително ние располагаме со механизми за контрола на квалитет, бидејќи гарантираме за свежината и за квалитетот на производите“, изјави Драгијска.
Со површина од 170 000 м2 и оперативна површина од 63 000 м2, ова е најголемиот логистички центар во Северна Македонија. Преку иновативната технологија, стандардите на градба, енергетската ефикасност и начин на работа, со логистичкиот центар се поставуваат нови стандарди за логистичка инфраструктура во Северна Македонија.
Лидл е дел од групацијата „Шварц“, со седиште во Некарзулм, Германија, и е еден од водечките трговци на мало со храна во Германија и Европа. Лидл моментално управува со околу 12.600 продавници и повеќе од 230 дистрибутивни и логистички центри во 31 земја и вработува над 382.400 луѓе.
ПР
Економија
Мицкоски: Трговијата во индустријата е зголемена за 13-14 отсто во јули, споредено со истиот месец лани

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека економијата се опоравува и какви се макроекономските показатели во индустријата, изјави:
„Државниот завод за статистика објави параметар вчера, во којшто вели дека трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредено со истиот месец претходната година. И тоа е тренд кој што нѐ следи цела година, но она кое што за мене е забележливо, е фактот што таа трговија во индустријата, во делот на размена со странство е дури и повеќе зголемена, отколку трговијата во индустријата дома.
Кога зборувам повеќе надвор, зборувам за повеќе од 15% и тоа е единствен резултат во Европа каде што имаме толку силна, зголемена трговија во индустријата. И тоа е добар показател, бидејќи јули е првиот месец од третиот квартал. Во првиот квартал имавме 3,2% раст на БДП, во вториот квартал 3,4 иако номиналниот е 7,8. Очекувам во третиот и четвртиот квартал тој раст да продолжи до крајот на годината. Така што ова се сѐ индикатори коишто ние со години наназад, не сме биле ни блиску да ги постигнеме, а камо ли пак да ги коментираме.“
Економија
Дурмиши на „Бизнис Лидер“: Владата и стопанството се партнери во градење на модерна и одржлива економија

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати како почесен гостин на најголемата бизнис конференција во земјава – „Бизнис Лидер“, која ги обединува најуспешните претприемачи, визионери и компании што ја движат македонската економија напред.
Во своето обраќање, министерот истакна дека оваа конференција претставува симбол на волјата, капацитетот и одговорноста за зајакнување на темелите на економијата и за создавање подобра иднина за граѓаните.
„Нашата визија е јасна – Македонија да стане зелена, дигитална и иновативна економија, со силно претприемништво и со култура на иновации во секоја компанија. Само преку партнерство помеѓу јавниот и приватниот сектор можеме да обезбедиме стабилен раст, нови работни места и подобар животен стандард за сите граѓани“, рече Дурмиши.