Свет
Моди му порача на Путин: Сега не е време за војна
Индискиот премиер Нарендра Моди му порача денеска на рускиот претседател Владимир Путин дека сега не е време за војна бидејќи недостигот на храна, ѓубрива и гориво е еден од главните проблеми во светот.
„Знам само дека денешната ера не е ера на војна и за тоа разговарав со вас на телефон“, му рекол Моди на Путин на маргините на самитот во Узбекистан додавајќи дека демократијата, дипломатијата и дијалогот го држат светот заедно, објави „Ројтерс“.
Путин одговори дека ја разбира загриженоста на Моди за војната во Украина.
„Го знам вашиот став во однос на конфликтот во Украина и ја знам вашата загриженост. Сакаме сѐ да заврши што е можно побргу“, одговори Путин.
Путин изјави и дека трговијата меѓу двете земји се зголемува благодарение на дополнителните испораки на руско ѓубриво на индискиот пазар, кои се зголемени осум пати, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.
Свет
Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во Украина.
„За да се задржи темпото на офанзивата и да се зголеми составот на воените групи, неопходно е да се зголеми обемот и квалитетот на испорачаното оружје“, рече Шојгу, соопшти руското Министерство за одбрана.
Како што е соопштено, за време на состанокот, рускиот министер за одбрана истакнал дека групите војници продолжуваат да ги извршуваат задачите на оперативните линии во согласност со планот за специјална воена операција и укажал на потребата од дополнително зголемување на набавката на оружје, воена опрема и оружје, пренесува РИА Новости.