Регион
Абазовиќ: Бајден може да го спаси Западен Балкан од руско и кинеско влијание
Премиерот на владата на Црна Гора во техничкиот мандат, Дритан Абазовиќ, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) се најважниот надворешнополитички партнер на Подгорица, како и дека американскиот претседател Џо Бајден може да го спаси Западен Балкан од потпаѓање под руско и кинеско влијание.
Тој оцени дека корупцијата е генератор на национализам, објавија денеска подгоричките медиуми.
„Мојата порака до Бајден е едноставна. Претседателот Бајден треба да користи извршни наредби за да ги санкционира луѓето вклучени во корупција на високо ниво во Западен Балкан. Тоа е најдобриот и наједноставен начин Бајден да го спаси Западен Балкан“, рече Абазовиќ.
Како што додаде, доколку регионот тргне во насока на национализам и конфликт, ќе стане лесна цел за странско влијание.
„Без разлика дали се работи за руско или кинеско влијание, ако Бајден мисли дека треба да се спречи странското влијание, тој мора да ги санкционира луѓето. Тоа би било доволно да ги запре политичките актери што ги водат Црна Гора и регионот по тој пат“, рече тој.
На прашањето дали неодамнешните сајбер-напади врз владината ИТ-инфраструктура се случиле случајно во исто време со актуелните политички настани во Црна Гора или некој се обидел да ја тестира земјата, тој рече дека не верува оти нешто се случува случајно кога таму се сериозни политички настаните за кои станува збор.
„Дестабилизацијата ги фаворизира оние што не сакаат да го видат владеењето на правото, оние што сè уште сакаат да видат нестабилност на Западен Балкан. Сајбер-нападот се случи наредниот ден вечерта по изгласувањето недоверба на владата. Тоа е најголемиот напад врз нашата инфраструктура што некогаш сме го имале. Во овој момент не можеме да кажеме дека Русија стои зад овој напад, но експерти од ФБИ, Велика Британија и од Франција го истражуваат случајот. Го чекаме конечниот извештај“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото) Почна со работа новата автобуска станица во Белград: тргнаа првите автобуси
Новата главна белградска автобуска станица во блок 42 во Нов Белград започна со работа во текот на ноќта. Последниот автобус од старата локација тргна на 50 минути по полноќ за Љубљана.
Првиот автобус од новата главна белградска станица во блок 42, кој свечено беше отворен во петокот, тргна во 3 часот и 50 минути за Суботица.
Градската власт најави дека наскоро ќе биде објавен тендер за изградба на зградата на станицата, бидејќи сегашната зграда е привремена, јавува РТС.
Се очекува автобуската постојка „Југ“ кај Автокоманда да биде завршена за два до три месеци.
Наскоро, според најавите, ќе почне да се реновира делот од градот во кој се наоѓаше БАС претходните 58 години.
Новата локација на автобуската станица се наоѓа на неколку минути од станицата за јавен превоз со линии кои водат до аеродромот „Никола Тесла“.
Граѓаните до новата станица, покрај со сопствен превоз, ќе можат да стигнат и со трамвај, автобус или БГ воз.
Градски транспортни линии до новата автобуска станица
Трамвајски линии:
– од Устаничка – 7
– од Бањица – 9
– од Калемегдан (од Дорќол) – 11
– од Баново брдо – 13
Автобуски линии:
– од Зелени венац – 60, 60л, 67
– од Баново брдо –85
– од Видиковац – 89
– од Бежаније – 93
– од блок 45 – 94 и 95
– од Централната железничка станица во Белград до аеродромот „Никола Тесла“ – 600
– од споменикот на Вук до населбата Белвил – ЕКО 1.
Што беше изградено?
Има 65 платформи, 12 платформи за пристигнување и 53 за поаѓање. Платформите за поаѓање се распоредени така што 8 се резервирани за приградски сообраќај, 14 за меѓународен, 22 за меѓуградски и 9 за офлајн туристички сообраќај. Изграден е подготвителен паркинг за автобуси со 80 места, како и паркинг за патници со 186 места, од кои 89 се наменети за патници кои пристигнуваат, додека 97 места се резервирани за патници кои заминуваат. Во рамките на платото на станицата ќе има и такси станица со 25 места.
Регион
(Видео) Невремето во Србија направи хаос: се излеа Дунав, ветерот корне дрвја
Реката Дунав денеска се излеа во Бачка Паланка, во природниот парк „Тиквара“, додека на северот од Србија е забележан значителен пад на температурата и се предвидува невреме пропратено со врнежи и грмежи.
Имено, како што може да се види на видеата на социјалните мрежи, водата достигна такво ниво што од водата штрчат само чадори и улични светилки.
Како што соопшти денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), облачност со врнежи од дожд, пад на температурата и умерен и засилен северозападен ветер најпрвин ја зафати Бачка Паланка, но потоа ќе се прошири и во остатокот од Војводина.
Студениот бран преку северот на земјата пристигна во Србија, каде во некои градови температурата беше околу 15 степени.
На граѓаните им се препорачува да ги преземат сите мерки за заштита на имотот, но и себеси поради предвиденото невреме.
Значителна промена на времето утре ќе има и во Македонија, најави Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.
ИЗВОР: УХМР
Дневната температура значително ќе се намали (утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Во Скопје, утре ќе има повремени врнежи од дожд, локално со појава на ретки грмежи и силен ветер.
Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.
Регион
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Грција, објави ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на 44 километри од Пиргос, на длабочина од 20 километри.
Во близина е островот Закинтос.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 41 km S of #Pýrgos (#Greece) || 3 min ago (local time 15:18:15). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/7n5aGlNhsu
— EMSC (@LastQuake) September 28, 2024