Македонија
(Видео) Ковачки: Ковачевски, освен дезертер, е и лажго, разобличен со факти
„На чело на државата имаме премиер, кој е трајно неспособен. Освен тоа што Ковачевски е дезертер, тој е и лажго. Прашањето е кога ја лажеше јавноста, кога вели дека е трајно неспособен поради медицинска евиденција пред 20 години или кога вели дека дезертирал зашто учел факултет. Вчера, и дезертерот Ковачевски призна дека бил трајно неспособен поради медицински операции“, рече денеска на прес-конференција, Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачки вели дека „пред само 6 месеци на прашањето дали служел воен рок, тој рече дека не служел затоа што бил на студии, а кога завршил со студирањето, повеќе немало обврска за служење војска.
„Прашањето е: Кога ја лажеше јавноста? Тогаш кога кажуваше дека не служел војска затоа што студирал или сега кога вели дека бил ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН?“, прашува Ковачки.
Тој смета дека „дезертерот Ковачевски треба веднаш да си даде оставка од премиерската позиција затоа што е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН да ја извршува функцијата премиер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

