Македонија
(Видео) Мицкоски: Ковачевски треба да биде искрен, да каже дека дезертирал и да се повлече од челното место во Владата

Кога човек ќе се нафати и ќе амбицира и пледира за позицијата претседател на влада, треба да има нешто дадено за државата, така што во најмала рака мислам дека треба да биде искрен и да каже дека дезертирал и да се повлече од челното место на Владата затоа што во јавноста се појавија две контрадикторни тврдења од страна на Ковачевски, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој наведе дека Ковачевски како оправдание го користеше своето образование бидејќи го завршил факултетот, па се запишал на постдипломски студии, па потоа, откако ги завршил тие постдипломски студии, отслужувањето воен рок не било веќе задолжително и поради тоа тој не бил, за неколку месеци потоа, осум месеци потоа, да даде изјава дека имал медицински пречки и не можел поради тие хируршки интервенции да присуствува. Сега тој може да ја извртува вистината во СДСМ или помеѓу колегите во Владата, но факт е дека тој дезертирал. Јас сум три години помлад од него и јас магистрирав и како магистер се пријавив доброволно во 2003 и 2004 година и го отслужував својот воен рок во гардискиот баталјон.
Мицкоски исто така додаде дека Ковачевски се обидува да се оправда со лаги, како што прави оваа Влада за сè, а кога не успева лагата, се прават жртви со емпатија да добијат симпатии, што е одраз на слаби луѓе и слаби карактери.
„Тезата дека поради образованието не бил, па бил спречен, па потоа не бил повеќе законски задолжителен воениот рок, е лажна теза, како и сè што прави оваа Влада – е лага. Имаат два начина како да се обраќаат пред граѓаните и да рефлектираат пораки, првото е лажење, а второто обид да се прикажат како жртва и на емпатија да добиваат симпатии. Тоа го прават само слаби луѓе и слаби карактери“, потенцира Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 10.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улицата Мијачка, општина Ѓорче Петров.
Македонија
(Видео) Арсовска: Фатен како прави див приклучок сторител беше извесен инспектор од МВР, кој во бес дека се фатени сред дело, физички ја нападна советничката Витина

„Водата е природен ресурс, не се произведува во фабрика, извира од природата. Не е до мрежата, не е до цевките, едноставно од природниот извор на градот и дополнителниот бунарски систем нема капацитет да извира питка вода колку што дел од жителите трошат. Рашче сред суша со високи температури има намален капацитет, а потрошувачката во изминатиот месец на дневно ниво е РЕКОРДНИ 356.000 м3 НА ДЕН, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител“, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
„Секој ден се фаќаат по 30 ДИВИ ПРИКЛУЧОЦИ од кои си наводнуваат цели ниви, приклучоци на дивоградби, на полнење базени, истите ни денар не плаќаат затоа нерационално трошат бидејќи ја добиваат за џабе, а МВР не постапува.
Тогаш мафијашите мислат дека можат да прават што сакаат и ќе си поминат неказнето, а нивниот број се зголемува. Сите скопјани трпат штета од таквите, сред најголемите горештини нема вода од таквите, 700 литри вода по жител на Скопје е колку овие ликови трошат на грбот на скопјани и на природниот извор Рашче.
Додека не пикнат еден од овие во затвор, состојбите само ќе се влошуваат, А ДРУГ ИЗВОР НА ВОДА НЕМАМЕ и нема како да се добие вода, џабе негодувања, џабе жалење.
На последниот случај на фатен како прави див приклучок сторител беше извесен инспектор од МВР наречен Бујо, кој во бес дека се фатени сред дело, физички ја нападна советничката во град Скопје Ирена Витина пред очите на неговите колеги од МВР кои не реагираа на нападот, иако истиот беше пред 10 сведоци и целиот настан е снимен од почеток до крај“, изјави Арсовска.
Македонија
Сообраќајот на ГП Блаце во двата правци се одвива нормално за патничките моторни возила

Од 21:50 часот сообраќајот на ГП Блаце, во двата правци се одвива нормално за патничките моторни возила, а наизменично движење за ТТМВ со хладњачи додека за ТТМВ со церади движењето е се уште забрането, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.