Црна хроника
Приведени две лица во Скопје осомничени за сторени повеќе кривични дела
На 20.9.2022, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит-пазар при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н. Д. (46) од с. Вражале, Скопско, и И. П. (33) од Скопје поради основано сомнение дека сториле две кривични разбојништво (на 27.8.2022 и на 16.9.2022 на подрачјето на Центар), казниви по член 237 од Кривичниот законик, и едно кривично дело тешка кражба, казниво по член 236 од Кривичниот законик, сторено на 19.9.2022 на подрачјето на Центар, при што на оштетените им одземале пари и лични предмети.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно докумнетирање и расчистување на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од три лица во Скопје кои му барале пари
Малолетник синоќа бил нападнат од три лица, кои претходно му побарале пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Мигранти од Непал фатени во обид илегално да ја преминат границата со Грција
Синоќа, во 22.50 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, затекнале 11 лица државјани на Непал при обид за илегално преминување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција.
Лицата се приведени во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, известен е дежурен судија од Основниот суд во Гевгелија.
По негови насоки, ним им се дадени решенија за напуштање на територијата на државата.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу две возила во Кумановско
Вчера, во 6.25 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с. Макреш, атар на с. Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат кордоба“, управувано од Ј. С. (45) од Куманово, и патничко возило „рено меган“, управувано од А. С. (36) од с. Канарево, Кумановско, двете со кумановски регистарски ознаки.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот Ј. С., а неговиот сопатник С. А. и другиот возач А. С. добиле телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.