Македонија
Нови 98 случаи на коронавирус, нема починати лица
Во последните 24 часа направени се 775 теста, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 68, Прилеп – 6, Куманово и Битола – по 5, Велес и Ресен – по 3, Тетово, Кавадарци и Штип – по 2, Кратово и Берово – по 1.
Од вкупниот број позитивни (98), регистрирани се 26 реинфекција.
Регистрирани сe 79 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 40, Битола – 10, Куманово и Кавадарци – по 5, Штип и Неготино – по 3, Прилеп и Велес – по 2, Тетово, Берово, Охрид, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар, Крушево и Македонски – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, не се регистрирани починати лица.
Направени се 775 теста: ИЈЗ-80, ЦЈЗ Скопје-128, ЦЈЗ Битола-31, ЦЈЗ Прилеп-19, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-28, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–80, Жан Митрев (Филип Втори)-12, Авицена-11, Биотек 21, Систина-5, лабораторија Лаор-3, Синлаб-1, Ремедика-9, Плодност-1, Генеа-3, Никоб лаб-19, ВФВ медикал-1, Ели медика плус-6, Ројал медика–2, Спектра-ММ-2, Рапид лаб–5, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 291.
Досега во земјата се направени вкупно 2.164.476 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.413, бројот на оздравени пациенти е 332.229, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 660.
Според епидемиолошките анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 161.099, Активни 371
Куманово 18.191, Активни 29
Битола 17.903, Активни 45
Прилеп 15.466, Активни 42
Тетово 14.447, Активни 7
Кавадарци 12.065, Активни 24
Велес 10.783, Активни 21
Охрид 10.295, Активни 17
Гостивар 10.273, Активни 2
Струмица 8.774, Активни 8
Штип 8.742, Активни 20
Кичево 6.067, Активни 6
Кочани 5.545, Активни 4
Струга 5.172, Активни 1
Гевгелија 4.873, Активни 7
Неготино 4.132, Активни 2
Ресен 3.026, Активни 18
Радовиш 2.833, Активни 7
Свети Николе 2.793, Активни 0
Крива Паланка 2.659, Активни 4
Делчево 2.182, Активни 9
Берово 1.873, Активни 2
Дебар 1.812, Активни 0
Валандово 1.600, Активни 1
Виница 1.477, Активни 0
Пробиштип 1.299, Активни 0
Кратово 1.120, Активни 4
Богданци 1.100, Активни 0
Крушево 1.037, Активни 6
Демир Хисар 927, Активни 2
Македонски Брод 798, Активни 1
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 518, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

