Македонија
Има милион причини и само еден инстант-начин да станеш милионер
Новиот, најбогат до сега инстант лоз на Државна лотарија , МЕГА МИЛИОНЕР, веќе можете да го пронајдете на сите продажни места на Државна лотарија.
МегаМилионер носи нова возбуда во потрагата по паричните добивки,а воедно е и најбогатиот инстант лоз кој крие вкупно 323.755 добивки во вредност од 150 до 10.000.000 денари.
Најголемата добивка вредна 10 МИЛИОНИ денари ќе направи двајца играчи вистински МЕГАМИЛИОНЕРИ, со најголемата премија до сега на еден лоз. Следната, по големина, добивка од 1 МИЛИОН денари ќе израдува 8 играчи,а 500.000 денари се наменети за 10 среќни играчи.
Играта е забавна и едноставна, така што гребејќи ги деветте полиња за игра, треба да се пронајдат три исти симболи МЕГА МИЛИОНЕР за добивка од 10 МИЛИОНИ денари , три исти симболи МИЛИОНЕР за милион денари ,или три исти износи за другите парични добивки.
Не пропуштајте ја шансата за само 150 денари до добивка од 10 МИЛИОНИ денари и други вредни парични добивки со инстант лозот МЕГА МИЛИОНЕР, во сите продажни места на Државна лотарија.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

