Македонија
(Видео) Ковачки: Има сомненија дека Ковачевски има нарушена деловна способност, сам поднел документ дека е трајно неспособен

„Врз основа на членовите 34, 35, 36, 37 и 38 од Законот за вонпарничната постапка, бараме од судот да поведе постапка за одземање на деловната способност на дезертерот Димитар Ковачевски. Постојат основани сомненија дека дезертерот Ковачевски има нарушена деловна способност и со оглед на тоа дека се работи за премиер на држава, го повикуваме судот веднаш да реагира, а врз основа на чл. 40 од Законот за вонпарничната постапка, кој утврдува дека постапката за одземање на деловната способност е итна“, изјави денеска Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачки вели дека „дијагнозата што дезертерот Ковачевски ја приложил пред АРМ дека е трајно неспособен, со цел да избегне служење воен рок, нè носи во сомнеж дека ако тој не лажел за својата состојба, тогаш таа може само да прогресира“.
„Бидејќи дезертерот Ковачевски сега е премиер, мора да се утврди дали неговата деловна способност е нарушена или не. Доколку е, тој треба веднаш да си поднесе оставка, доколку не е, да се утврди дали кај него постои трајно неспособност или тој лажел пред АРМ да не служи војска и во тој случај треба да си поднесе оставка. Бидејќи ако лажел, тој фалсификувал лекарски документ за да избегне да ѝ служи на државата“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како единствена сила што ја претставува надежта, достоинството и иднината на Албанците во оваа земја“.
„На денешниот состанок беше формирано Заедничкото Претседателство на ВЛЕН, како прв орган што ќе ги координира сите политички и организациски активности на коалициско ниво.
Од денес стапува во сила мораториум на јавните активности на политичките партии учеснички во ВЛЕН, при што сите активности и настапи ќе се реализираат исклучиво под името, логото и единственото претставување на ВЛЕН.
Во наредниот период ќе се формираат и другите заеднички органи, вклучително и Раководството на ВЛЕН и Шефот на Изборниот штаб, кој ќе ја води подготовката за претстојните избори.
Пратеничката група на ВЛЕН ќе продолжи да функционира со актуелните пратеници кои го поддржуваат процесот на обединување и се посветени на јакнење на заедничкиот глас на Албанците“, велат од ВЛЕН.
Македонија
(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!“, напиша Пандов.
Тој додаде дека очекува институциите да го најдат и казнат сторителот.
Македонија
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата

„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
„Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.