Регион
Пицерија во Хрватска ги налути гостите поради услуга која дополнително им ја наплаќа

Во Хрватска деновиве големо внимание во јавноста предизвика приказната за загрепската пицерија „Токаре“, која наплаќа услуга за сечење пица.
Многу клиенти биле непријатно изненадени од таа одлука, а сопственикот Денис Главач ги објасни причините за тоа.
„Со оглед на тоа што сме објавени како омразена пицерија која наплаќа по пет куни за сечење пица, дозволете ни да ги кажеме причините за тоа. За почеток, дали некогаш сте нарачале ќебапи, Загреб, Виена, и откако ќе се послужат на масата, сте ги вратиле во кујната за да го исечете месото? Ние сме неаполска пицерија која вложува многу труд и знаење во нашиот производ, кој е единствен во Хрватска по разновидноста на состојките и балансот на вкусови“ – вели Главач, цитиран од „N1“.
„Секоја наша пица е за една личност, доаѓа со прибор за јадење, што би значело дека, како и секое друго јадење во секој друг ресторан, се јаде со вилушка и нож, не со раце, не со прсти. Исто така, на некои од нашите пици има храна (на пр. школки) што не може да се исечат, но само при конзумирање. Проблемот произлегува од навиките на луѓето во Хрватска кои се научени и воспитани да бидат услужени според сите стандарди, критериуми и желби и секако сите овие дополнителни услуги треба да бидат бесплатни“ – објасни понатаму сопственикот.
На секој гостин кој побарал сечење пица претходно му било кажано дека оваа услуга се наплаќа и транспарентно е наведена на сметката, истиот гостин се согласил да плати за оваа услуга наместо самиот да ја исече пицата.
Затоа, најлесно и најбезболно би било да ја покачите цената на пицата за пет куни и да немате лоши критики поради тоа, но се надеваме дека луѓето ја разбираат поентата на овие пет куни, се вели во одговорот на пицеријата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.