Забава
Џони Деп падна на британски шарм: Која е Џоел Рич, новата љубов на холивудскиот актер?

Светските медиуми пишуваат дека Џони Деп е во врска со негова поранешна адвокатка, но тоа не е Камил Васкез, како што се шпекулираше.
Британката Џоел Рич, која го застапуваше Деп во Британија пред две години во судскиот процес за клевета против весникот „Сан“, го освои срцето на холивудскиот актер. Тимот на Деп ја загуби судската битка, но, очигледно, поразот не влијаел на неговите чувства кон адвокатката, пишува „ТМЗ“.
Рич е омажена, но моментално е во процес на развод. Таа и нејзиниот отуѓен сопруг имаат 2 деца.
Рич не беше дел од тимот на судењето во Вирџинија што извојува победа над поранешната сопруга на Деп, Амбер Херд, но таа беше присутна во судницата за поддршка, според „Ју-ес викли“, кој прв ја објави сторијата.
Многу луѓе кои го следеа судењето во Вирџинија беа убедени дека Деп и Васкез се заедно, но Васкез остро реагираше на шпекулациите нарекувајќи ги сексистички.
А што се однесува до Рич, таа е британска адвокатка. Во нејзината биографија е наведено дека „работи на одбрана на угледот на клиентите од лажни и клеветнички наводи во печатени медиуми, на интернет и на социјални мрежи“. Понатаму се наведува дека таа има „посебна стручност во заштита на приватноста на поединци од неоправдан упад и медиумско внимание“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Таинствена изјава на Бен Афлек по разводот од Џеј Ло: „Латино жените се најдобри“

Бен Афлек даде интересна изјава четири месеци по разводот од латино дивата Џенифер Лопез.
Новинарите на ТМЗ го прашаа дали сè уште му се допаѓаат Латиноамериканките, на што Бен одговори: „Да, секако“. Тој, исто така, одговори на шпански кога го прашаа како се чувствува да биде „Најпосакуваниот ерген во Холивуд“, велејќи „Muy bien“.
Афлек и Лопез официјално се разведоа на 21 февруари. Според судските документи, судија на Вишиот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот пријателски развод на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднесе барање за развод. Двојката постигна договор преку медијација уште во септември, со што избегна долга судска битка.
Забава
Кејт Мидлтон направи грешка со шминката, принцезата Шарлот ѝ помогна

Кејт Мидлтон присуствуваше на церемонијата по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна. Нејзиното семејство ѝ се придружи на настанот, а принцезата Шарлот ѝ помогна на мајка си да избегне прилично честа козметичка несреќа.
Шарлот се навали кон Кејт и со прстот го допре аголот од нејзините усни, што многумина претпоставија дека карминот на Кејт се размачкал. Војвотката од Кембриџ потоа ѝ се насмевна на својата ќерка во знак на благодарност.
Да потсетиме, по повод 10-тиот роденден на принцезата Шарлот, Кејт и Вилијам објавија нова фотографија од неа со пораката: „Среќен 10-ти роденден, принцезо Шарлот“.
Забава
(Видео) Мајли Сајрус објави емотивно црно-бело видео, плаче додека ги пее стиховите

Мајли Сајрус објави емотивна песна и видео од нејзиниот албум „Something Beautiful“.
Денес, поп-ѕвездата го објави синглот „More to Lose“, втората песна од нејзиниот претстоен албум, кој треба да излезе на 30 мај.
„Во песна како „More to Lose“, се обидувам да отпеам сè од првиот обид. Toa е навистина приказна и не сакам ништо да ја прекинува, да ја преиспитува или да брка совршенство“, рече Сајрус во разговор за песната.