Свет
Кадиров до Русите кои не сакаат да војуваат: Немаат право да се нарекуваат мажи

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се осврна на Русите кои бегаат од војната и жестоко ги прозва.
– Дали имаат право да се нарекуваат мажи? Немаат! Дали имаат чувство за чест? Немаат! Чувство на достоинство? Не! Некои морални вредности? Не! – рече Кадиров.
Тој истакна дека смртта за татковината треба да биде посебна чест.
-Со помош на фашистите кои дејствуваат во Украина, сакаат да ја уништат нашата земја. Тоа значи дека нашата татковина е во опасност. Десетици милиони Руси немаат поим колку пати нашата земја била под закана во последните 20 години. И само благодарение на јасната и компетентна политика на рускиот претседател Владимир Путин не успеаја – рече тој.
Тој исто така истакнува дека дури и ако проруските сили ги напуштат сите региони, вклучувајќи го и Крим, Западот ќе продолжи да врши притисок врз Русија.
Тој посочува дека им дава збор дека ако не ги бранат нивните интереси, тоа ќе заврши лошо за сите Руси.
– Ќе ги изгубиме суверенитетот и независноста на Русија, а непријателите ќе ни дојдат во сите домови. Одлучете сами и ние Чеченците ќе ја браниме нашата земја и ќе ја исполниме наредбата на претседателот на државата – заклучи Кадиров, пренесе Аваз.ба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.