Црна хроника
Прегазен малолетен пешак во Кавадарци

Вчера на улицата Шишка во Кавадарци, на излез од населбата Глишиќ кон селото Марена, патничко возило „фолксваген голф“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(31) од Кавадарци, удрило во малолетен пешак од градот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Кавадарци.
Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Кавадарци, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На наплатна рампа Сопот во автомобил е најдена дрога

Од страна на полициски службеници од БЈБ при МВР денеска на наплатна рампа Сопот, велешко, при преглед на патничко возило „поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Хрватска, биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 40 пакувања со растителна материја.
Како што соопшти МВР, известен е јавен обвинител од ОЈО Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.
Топ
Полицаец пријавил дека му го украле службениот пиштол со рамка и 13 куршуми

Вчера во осум часот во ОВР – Крушево, М.Х., на возраст од 38 години од овој град, вработен како полициски службеник во ОВР – Крушево, пријавил дека во временскиот период од 31.10.2024 до 01.03.2025 од страна на непознат сторител од металниот шкаф, што пријавителот го користел за сместување на опремата и службеното оружје, во просториите на ОВР – Крушево, му бил одземен службениот пиштол со рамка каде имало 13 куршуми.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Се тепале поради должничко-доверителски односи

Синоќа во 23:30 часот во СВР – Скопје, И.Н., на возраст од 32 години од село Крушопек, скопско, пријавил дека околу 19 часот на подрачјето на Карпош, додека управувал такси возило, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, патот му бил попречен од друго возило и бил физички нападнат од Ф.Н. и уште едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.