Економија
Дополнителна опрема направена по мерка за Opel Astra и Astra Sports Tourer
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА НАПРАВЕНА ПО МЕРКА ЗА OPEL ASTRA И ASTRA SPORTS TOURER
• Електрични: избор на додатоци за полнење за plug-in хибридните верзии
• Стилски: декоративни сегменти на алуминиумските наплатки и надворешни ретровизори во боја на каросеријата
• Средено и уредно: FlexConnect за внатрешноста
• Практично: елегантни системи за товарање (за покривот и задниот дел)
• Елегантно: приспособени облоги и патосници за багажниот простор

Новата Opel Astra и новата Opel Astra Sports Tourer не само што изгледаат спортски и самоуверено, тие се и многу практични. Тие се електрифицирани за прв пат како plug-in хибриди.
Во внатрешноста, cockpit-от ориентиран кон возачот со новиот Pure Panel им овозможува сосема ново емотивно искуство на клиентите. Подеднакво модерна е и оригиналната дополнителна опрема на Opel направена по мерка, со која може да се приспособи најновата генерација бестселери од компактна класа. Тие ги прават Astra и Astra Sports Tourer уште постилски, индивидуални и пофлексибилни
Понудата на дополнителна опрема се движи од привлечни декоративни елементи и робусни системи за товарање до ефикасна безбедносна опрема. Возачите на plug-in хибридните верзии на Astra и Astra Sports Tourer се подготвени за сите опции благодарение на бројните додатоци за полнење на Opel.
Различни додатоци за полнење за Astra plug-in хибридните верзии
Opel има додатоци за полнење за plug-in хибридните верзии на Opel Astra и Astra Sports Tourer достапни за сите кои претпочитаат да возат локално без емисија на штетни гасови. Понудата вклучува кабел за полнење Moд 3 и соодветна торба за складирање, како и универзален полнач со три адаптери во комплетот:
• CEE-16 приклучок (3-фазен) за индустриски приклучоци (AC)
• Тип EF приклучок за приклучоци за домаќинство
• Тип 2 приклучок за јавни станици за полнење
Возачите на електричните верзии на моделот Astra се добро подготвени за сите опции за полнење, дури и кога патуваат.
Смел и елегантен дизајнерски израз
Opel Astra со пет врати и Astra Sports Tourer веќе се издвојуваат со нивниот смел и елегантен дизајн. Лицето на брендот Opel визирот беспрекорно ги интегрира врвните технологии како што е адаптивните Intelli-Lux LED® Pixel светла. Прогресивниот дизајнерски стил се повторува во внатрешноста со дигиталниот Pure Panel. Opel нуди бројни декоративни елементи за дополнително нагласување и прилагодување на изгледот. Палетата вклучува куќишта за внатрешните и надворешните ретровизори во карбонски изглед или во бојата на каросеријата на автомобилот; декоративните сегменти на алуминиумските наплатки во црвена, жолта, сина или сива боја привлекуваат дополнително внимание на тркалата.
Во патничкиот простор на Astra и Astra Sports Tourer, достапни се различни FlexConnect решенија за да ги одржуваат предметите на свое место и да го направат патувањето позабавно. Тие вклучуваат куки и закачалки за палто, како и држачи за таблети или масичка која се преклопува. Ова го олеснува гледањето филмови или канцелариската работа на задните седишта за време на патувањето. FlexConnect додатоците може да се прицврстат на основниот носач, кој е поставен на потпирачите за глава на предните седишта и повторно се отстранува со едно движење на раката.

Безбеден, сигурен транспорт на велосипеди и багаж, со системите за превоз на Opel
Opel има избор од различни системи за транспорт и превоз, за Astra со пет врати и Sports Tourer. Со различните кровни кутии на Opel, како и носачите за скии, сноуборд и велосипеди од партнерот на Opel, Thule, клиентите можат да уживаат во дополнителен простор за складирање. Спортската опрема може да се смести едноставно, без да се оштети и извалка, а пред сè да биде безбедна.
Доколку сакате да го одржувате багажникот кај Opel Astra Sports Tourer чист по планинарење или обиколка со велосипед низ шумата, постои практичен патосник за багажниот простор. Со високиот, стабилен раб и анти-лизгачката прекривка, патосницата не само што штити од нечистотија и влага, туку и го одржува багажникот уреден. А со преградната решетка за товарниот простор, багажот или домашните миленици исто така ќе патуваат безбедно. Предметите и багажот се спречуваат да се лизгаат во багажниот простор со еластичната мрежа. Патосниците на прагот кај просторот за товарање за Astra и Astra Sports Tourer овозможуваат дополнителна заштита од гребнатини при товарење/истоварање.

Дополнителнa стилскa и практичнa дополнителна опрема за новата Opel Astra и Astra ST и многу други модели се достапни за нарачка преку Вашиот импортер Opel Македонија и дилерската мрежа.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

