Македонија
Општина Центар доделува 15 стипендии за Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје
Во рамки на Меморандумот за соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, Општина Центар обезбедува 15 стипендии за студенти за учебната 2022/2023. Општината ги повикува сите заинтересирани да се јават на повикот и бидат дел од новата студиска година.
Во прилог Општина Центар ги доставува потребните документи за учество на „Повик за доделување на стипендии за додипломски студии“ Универзитетот за туризам и менаџмент:
1.Мотивациско писмо со биографски податоци, во кое се наведува досегашно образование, постигнат успех, познавање на странски јазик и причина за конкурирање на овој повик,
2. Копија од диплома за завршено средно образование/копии од свидетелства за завршени учебни години,
3.Копија од лична карта,
4.Уверение за македонско државјанство и
5.Изјава со која се потврдува дека не е корисник на друга стипендија
Сите дополнителни награди, признанија, познавање странски јазици ќе се земат во предвид при крајното рангирање.
Пријавата со потребните документи, заинтересираните кандидати треба да ја достават заклучно со 28.9.2022 со назнака „Повик за доделување на стипендии за додипломски студии“ во архивата на Општина Центар. За сите дополнителни информации, може да се јавите на телефонскиот број 075 219 142.
Од Општина Центар ги охрабрува сите заинтересирани да ја искористат можноста и бесплатно да го дооформат својот образовен процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

