Македонија
За три дена нови 96 случаи на коронавирус, починаа 4 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена направени се 962 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 66, Куманово – 5, Велес – 4, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Битола и Штип – по 2, Гевгелија и Неготино – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.
Регистрирани сe 288 оздравени пациенти од: Скопје – 131, Куманово и Прилеп – по 21, Битола – 19, Охрид и Штип – по 12, Ресен и Делчево – по 10, Струмица – 8, Велес и Кавадарци – по 6, Гевгелија, Радовиш и Крушево – по 5, Демир Хисар – 4, Тетово – 3, Кичево, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Неготино, Валандово, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (24.09 – 26.9.2022) пријавено е едно починато лице, од Скопје (87г) и истото е починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавени се 3 починати лица. Од починатите лица, 2 се пријавени од Скопје (91г и 89г) и едно лица од Кавадарци (71г). Од пријавените починати лица, 2 се починати во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.8.2022 до 15.9.2022 година.
Направени се 962 тестови преку: ИЈЗ-116, ЦЈЗ Скопје-104, ЦЈЗ Битола-19, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–46, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-23, Биотек-38, Систина-14, лабораторија Лаор-8, Синлаб-2, Ремедика-5, Плодност-0, Генеа-3, Никоб лаб-48, ВФВ Медикал-11, Ели медика плус-2, Ројал медика–0, Спектра-ММ-6, Рапид лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб дијагностика–1, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 441.
Досега во земјата се направени вкупно 2.166.641 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.615, бројот на оздравени пациенти е 332.710, на починати е 9.531, а бројот на активни случаи изнесува 374.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 161223, Активни 230
Куманово 18199, Активни 15
Битола 17910, Активни 21
Прилеп 15476, Активни 19
Тетово 14453, Активни 9
Кавадарци 12073, Активни 15
Велес 10794, Активни 19
Охрид 10302, Активни 10
Гостивар 10274, Активни 1
Струмица 8774, Активни 0
Штип 8747, Активни 9
Кичево 6069, Активни 6
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5171, Активни 0
Гевгелија 4875, Активни 2
Неготино 4137, Активни 5
Ресен 3029, Активни 7
Радовиш 2834, Активни 2
Свети Николе 2793, Активни 0
Крива Паланка 2660, Активни 1
Делчево 2183, Активни 0
Берово 1872, Активни 1
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1477, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1121, Активни 2
Богданци 1100, Активни 0
Крушево 1037, Активни 0
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 798, Активни 0
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 518, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

