Економија
БЕГ тврди дека нема обврска да ги грее скопјани, Владата смирува дека парно ќе има
„Балкан енерџи груп“ (БЕГ) објави дека нема правен основ да располага со топланите, ниту обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона.
Во соопштението што го објави компанијата наведуваат дека немаат доволно финансии да набават гориво за производство на топлинска енергија.
„Во согласност со член 51 од Законот за енергетиката, ‘БЕГ – Производство’ имаше законска обврска да продолжи да ја извршува дејноста до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период ‘БЕГ – Производство’ продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите сѐ со цел новиот носител на лиценцата да може непречено да ја почне новата грејна сезона“, велат од БЕГ.
Додаваат дека „БЕГ – Производство“ нема правна основа за користење на топланите бидејќи договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара нивно примопредавање“, велат тие.
Како што додаваат, компанијата била финансиски неспособна за вршење на дејноста поради големите загуби што ги оствариле во претходната грејна сезона како резултат на неколкукратно зголемените трошоци за набавка на енергенти и електрична енергија, кои не биле покриени со одобрените тарифи од Регулаторна комисија за енергетика.
Поради овие причини, се наведува во соопштението, на 9 јуни годинава до Регулаторната комисија за енергетика поднеле барање за престанок на лиценцата, а на 20 јуни РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на „БЕГ – Производство“.
Од Владата, пак, смируваат дека скопјани ќе имаат парно и во согласност со Законот за енергетиката загарантирана е јавната дејност да се врши во целост, без прекин, соопштија од владината прес-служба.
Од тука наведуваат дека континуирано преземаат мерки за да се обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Во овој момент, како што информираат од Владата, се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука на Владата за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Штом завршат тие, јавноста ќе биде навремено известена.
„Граѓаните на град Скопје ќе имаат парно во и согласност со Законот за енергетиката загарантирана е јавната дејност да се врши во целост, без прекин. Владата заедно со ресорните институции постојано работи на обезбедување на потребните ресурси за производство на топлинска енергија по најповолни цени сѐ со цел домаќинствата да имаат помали трошоци. Конкретно, се бара најдоброто решение за обезбедување најниска цена на гас или мазут со цел да се спречи ценовен шок и да не поскапи парното“, се наведува во владиното соопштение.
Од РКЕ, пак, велат дека вршењето на јавната дејност производство на топлинска енергија од регулиран производител е прецизно дефинирана во Законот за енергетиката, каде што основниот императив на вршителот на јавна дејност е да обезбеди сигурно, континуирано и квалитетно производство на топлинска енергија.
„Ве информираме дека Законот за енергетиката, кој доби и зелено светло од Енергетска заедница, во целост ги има инкорпорирано сите одредби од европската легислативата во однос на сигурно, стабилно и континуирано снабдување со енергија. Во тој дух и РКЕ ги носи одлуките со кои се прецизира дека сѐ до изборот на нов вршител на посочената енергетска дејност на актуелниот вршител не му престанува обврската за обезбедување јавна дејност. Обврската за вршење јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценцата (во случајот нов вршител на јавна дејност)“, наведуваат од РКЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

