Економија
Стратегиските планови за долгорочен раст на „Шпаркасе Банка“ поддржани со нова докапитализација во износ од 20 милиони евра

Шпаркасе Банка продолжува да ја зацврстува својата капиталната позиција како значајна мерка за поддршка на планираниот развој во делот на кредитниот раст. Со одлука на Собранието на акционери на Шпаркасе Банка, Банката го зголеми основниот капитал за нови 20 милиони евра.
Капиталот делува како регулатор во креирањето на долгорочните цели на работењето, како и значаен инпут при креирањето на стратегиските цели за преземање поинтензивни кредитни активности. Секако, значајна придобивка од капиталното зголемување е и подобрувањето на структурата на изворите на финансирање, бидејќи нуди можности за намалување на трошоците на финансирање, а со тоа и позитивен ефект на профитабилната позиција на Банката.
Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата континуирано ја докажува својата стратегиска определба за долгорочно делување во регионот и во Република Северна Македонија, со перманентни инвестиции за поддршка на кредитниот раст на Банката преку реинвестирање на добивката во сите претходни години од работењето како и повеќекратни докапитализации. Сето ова заборува за исклучителна посветеност во исполнување на зацртаните стратегиски цели за значаен раст и развој и зајакнување на пазарната позиција.
Шпаркасе Банка останува посветена на обезбедување континуирана финансиска поддршка на своите клиенти преку разбирање на нивните потреби, понуда на конкурентни производи, унапредување на процесите и постојано инвестирање во технологијата и дигитализацијата, опслужувајќи во моментов повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Од четврток, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што го нудат во малопродажба. Тука влегуваат и маркетите што продаваат основни прехранбени производи, овошје и зеленчук и трговците што продаваат средства за хигена, трговци на мало со бела техника, со играчки, техстилни производи, градежни материјали, алати и електрични апарати, буквално сите трговци што вршат трговија на мало. Исклучени се само микротрговци, односно оние што вработуваат до 10 лица, информира министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Ова произлегува од Правилникот за начинот на објавување на цените на стоките и податоците што треба да се објавуваат од страна на мал, среден и голем трговец, кој врши дејност трговија на мало.
„Во согласност со Правилникот на Министерството за економија и труд, малиот, средниот и големиот трговец, кој врши дејност трговија на мало, има обврска да ги објавува цените на стоките што ги пласира на пазарот на својата веб-страница на јасен и достапен начин преку посебен дел на веб-страницата на трговецот посветен на цените, односно ценовник. Објавените цени треба да бидат достапни без потреба од регистрација или дополнителна најава. Ценовникот треба да содржи: назив на стока – производ (трговска марка, модел и слично), продажна цена со ДДВ, единечна цена за килограм, литар, метар, опис на стоката, достапност во продажен објект, редовна цена со ДДВ и промотивна или цена со попуст, која треба да содржи цена со попуст изразен во проценти, вид промоција, дали е тоа промотивна понуда, пакет за лојалност или сезонски попуст, како и времетраење на промоцијата или попустот“, појасни министерот.
Трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10 часот.
Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоките трговецот треба да ја коригира грешката во рок од 24 часа.
„Граѓаните сега ќе може да изберат каде ќе ги трошат своите пари бидејќи самите ќе може да видат и да споредат во кој маркет има најниски цени. Ќе бидат подобро информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец. Нашите очекувања се дека со оваа мерка во наредниот период дополнително ќе има намалување на цените“, рече Дурмиши.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Грантови од 10 илјади евра за младите земјоделци, субвенции за млекопроизводителите

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно докажува дека работи за иднината и за младите да останат во својата татковина и да го поминат својот живот тука во земјата во која се родени и растени. Ако изминативе 7 години, земјоделството беше заборавено од страна на минатата власт на СДС и ДУИ, сега тоа е спротивно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се вложува во секоја пора на општеството. Се вложува многу и во земјоделството. Покрај помошта која што сточарите, оризопроизводителите, лозарите ја добија, сега и млекопроизводителите го добија заслуженото.
4574 млекопроизводители беа исплатени од државата со вкупен износ од 292.614.813,00 денари.
Се изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за периодот јули-декември 2024 година.
Во однос на младите, се оформи повик за млади земјоделци кои ќе добијат грантови од 10 илјади евра за започнување на производство на квалитетна и органска храна. На овој начин ќе се стимулираат младите да се насочат кон земјоделието и ќе ја обезбедиме иднината на македонското земјоделство.
Иднината е во младите. Владата помага преку проекти и субвенции за оваа гранка од општеството. Што повеќе задоволни земјоделци, толку повеќе квалитетна македонска храна на трпезите.
Земјоделците нема да бидат заборавени, како што биле во минатото. Тие ја имаат безрезервната поддршка на Владата и тоа ќе продолжи во иднина!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
Исплатени речиси 4,7 милиони евра субвенции за млекарите

Во текот на вчерашниот ден се исплатија 4.574 млекопроизводители со вкупен износ од 292.614.813 денари, информира Министерството за земјоделство.
„Извршената исплата е по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за периодот јули-декември 2024 година. Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко“, се наведува во соопштението.
Со ова, велат од МЗШВ, субвенциите по основ на произведено и предадено млеко за 2024 година се целосно исплатени.