Македонија
Регистрирани нови 105 случаи на ковид, нема починати лица
Во последните 24 часа направени се 735 тестови, а регистрирани се 105 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 78, Битола – 9, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица и Штип – по 2, Кичево, Берово и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (105), регистрирани се 22 реинфекции.
Регистрирани сe 49 оздравени пациенти од: Скопје – 32, Битола, Прилеп, Кавадарци и Велес – по 3, Тетово – 2, Куманово, Охрид и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.
Направени се 735 тестови: ИЈЗ-80, ЦЈЗ Скопје-129, ЦЈЗ Битола-25, ЦЈЗ Прилеп-4, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–51, Жан Митрев (Филип Втори)-15, Авицена-20, Биотек-20, Систина-2, лабораторија Лаор-2, Синлаб-0, Ремедика-5, Плодност-1, Генеа-2, Никоб лаб-23, ВФВ Медикал-1, Ели медика плус-2, Ројал медика-0, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 312.
Досега во земјата се направени вкупно 2.168.892 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.880, бројот на оздравени пациенти е 332.855, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 491.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 161398, Активни 312
Куманово 18213, Активни 21
Битола 17932, Активни 30
Прилеп 15487, Активни 21
Тетово 14462, Активни 14
Кавадарци 12076, Активни 11
Велес 10796, Активни 14
Охрид 10307, Активни 15
Гостивар 10274, Активни 1
Струмица 8776, Активни 2
Штип 8753, Активни 13
Кичево 6071, Активни 8
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5171, Активни 0
Гевгелија 4876, Активни 3
Неготино 4140, Активни 4
Ресен 3029, Активни 7
Радовиш 2835, Активни 3
Свети Николе 2793, Активни 0
Крива Паланка 2662, Активни 3
Делчево 2183, Активни 0
Берово 1874, Активни 2
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1477, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1125, Активни 6
Богданци 1101, Активни 1
Крушево 1037, Активни 0
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 798, Активни 0
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 518, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекоа инспекторите во маркетите низ државата
Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.
Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.
Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.
Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.

