Македонија
Нови 81 случај на коронавирус, нема починати лица
Во последните 24 часа направени се 734 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 55, Битола – 6, Кавадарци – 4, Куманово – 3, Прилеп и Тетово – по 2, Велес, Струмица, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовош, Свети Николе, Виница и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Велес – 8, Куманово – 5, Кавадарци и Прилеп – по 2, Тетово, Штип, Гевгелија, Неготино, Кратово и Кичево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.
Направени се 734 тестови: ИЈЗ-82, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-16, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-18, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–28, Жан Митрев (Филип Втори)-2, Авицена-8, Биотек-149, Систина-3, лабораторија Лаор-5, Синлаб-13, Ремедика-3, Плодност-1, Генеа-2, Никоб лаб-14, ВФВ Медикал-3, Ели медика плус-2, Ројал медика-0, Спектра-ММ-1, Рапид лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–1, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 291.
Досега во земјата се направени вкупно 2.169.626 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.961, бројот на оздравени пациенти е 332.932, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 495.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 161453, Активни 313
Куманово 18216, Активни 19
Битола 17938, Активни 36
Прилеп 15489, Активни 21
Тетово 14464, Активни 15
Кавадарци 12080, Активни 13
Велес 10797, Активни 7
Охрид 10307, Активни 15
Гостивар 10274, Активни 1
Струмица 8777, Активни 3
Штип 8754, Активни 13
Кичево 6071, Активни 7
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5171, Активни 0
Гевгелија 4877, Активни 3
Неготино 4141, Активни 4
Ресен 3029, Активни 7
Радовиш 2836, Активни 4
Свети Николе 2794, Активни 1
Крива Паланка 2662, Активни 3
Делчево 2183, Активни 0
Берово 1874, Активни 2
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1478, Активни 1
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1126, Активни 6
Богданци 1101, Активни 1
Крушево 1037, Активни 0
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 798, Активни 0
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 518, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

