Македонија
СДСМ: Мицкоски е по тендри и провизии, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ удри по џебот на граѓаните
Додека СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски преземаат мерки за надминување на енергетската криза, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се посветени на тендери и провизии, на лични и бизнис интереси наместо на интересите и потребите на граѓаните, велат од СДСМ.
Од владејачката партија преку соопштение коментираат дека Скопје и општините кои ги раководи ВМРО-ДПМНЕ една година се во стагнација, нема реализирани проекти, нема мерки за помош на граѓаните.
„Шпицниот градоначалник Мицкоски со неговите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво ги покачуваат комуналните услуги и директно брцаат со рацете во џебот на граѓаните.
Онаму каде е ВМРО-ДПМНЕ локална власт се покачуваат локалните комунални услуги, на штета на граѓаните и нивниот економски стандард.
Во Прилеп комуналните услуги се покачени за 67 отсто, во Штип за 40 отсто, во Велес јавниот превоз е зголемен за 40 отсто, додека во општина Охрид покачени се и јавниот превоз и комуналните услуги.
Наместо мерки за помош на граѓаните и работа, шпицниот градоначалник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мислат на тендери и удираат по џебот на граѓаните.
Тоа е голема, суштинска разлика.
СДСМ се грижи за граѓаните во време на криза, шпицниот градоначлник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат само за тендери и провизии“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите
За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи – 1078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи.
За известување од изборите, акредитирани се 66 странски новинари, меѓу кои и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира и Франс прес.
Најмногу домашни набљудувачи акредитирало Здружението за развој на општествено – социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје – 752, потоа Фондација Ромите за демократија – 151, Цивил – 82, Центарот за безбедносни истражувања – 46, Институтот за меѓународни односи и стратегии Охрид – 20, Националниот ромски центар Куманово – 14, Здружението за промоција и развој инклузива Куманово – 12 и Македонскиот центар за културен развој – еден набљудувач.
Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач, најмногу од странските набљудувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE PA) има акредитирано 138 набљудувачи, Амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје – 68 набљудувачи и 33 преведувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа – ад хок комисијата за набљудување на претседателските избори во Република Северна Македонија – 33 набљудувачи и 20 преведувачи, Иницијативата за дијалог и демократија Силба 30, Централната изборна комисија – Република Косово – 13, Европскиот парламент – 12 и други.
Македонија
Бојан Јовановски: Повикан сум на информативен разговор во полиција, ова е директен притисок и обид за цензура
Бојан Јовановски – Боки 13 соопшти дека денеска во 10 часот е повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода (Пролече) во врска со пријава за загрозување на безбедност согласно член 144 од КЗ.
„Ова го чувствувам за директен притисок и обид за цензура од страна на засегнатите лица во врска со мојот настап кај „Лазаров“!“, објави Бојан Јовановски.
Јовановски претходно вчера објави дека веќе неколку дена е цел на закани и притисоци со цел да го откаже второ гостување на поткастот.
Македонија
Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.
Во Скопје времето ќе биде стабилно и релативно топло. Од среда во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.