Свет
Захарова: Блинкен отворено и без двоумење рече дека имале мотиви да го уништат гасоводот
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, отворено изјави дека САД и НАТО имаат мотиви да ги нападнат гасоводите „Северен тек 1“ и “Северен тек 2“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Блинкен отворено, без двоумење, рече дека САД и нивните партнери во НАТО имаат мотиви да ги уништат гасоводите ‘Северен тек 1’ и ‘Северен тек 2’“, напиша Захарова на „Телеграм“.
Како мотив за уништувањето на „Северен тек“, Захарова ја наведува изјавата на Блинкен, кој рече дека САД го зголемиле производството на течен природен гас, кој моментно се водечки европски снабдувач, „помагајќи да се компензира секоја загуба на Европа во нафта и гас поради руската агресија врз Украина“.
Захарова нагласи дека „Украина нема никаква врска со тоа“ и дека „киевските политичари под притисок на американските власти постојано поставуваат услови на руската страна во однос на транзитот на гас, кои биле на работ на уцена“.
Блинкен рече дека тоа е „огромна можност, неверојатна можност еднаш засекогаш Европа да се ослободи од зависноста од руските енергетски извори“.
Захарова го негира и американскиот државен секретар, кој ја обвини Русија дека „ја користи енергијата како оружје“.
„Русија никогаш не ја користела енергијата како оружје. Русија, а пред неа СССР, едноставно ја снабдуваа Европа со гас. Континуирано. Во текот на 50 години. Лагата на Вашингтон само ја потврдува неговата криминална манипулација со оваа тема“, рече Захарова.
На 26 септември на „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ откриено е истекување гас. Како што соопшти операторската компанија „Норд стрим АГ“, дефектот е без преседан и невозможно е да се процени временската рамка за ремонт.
Властите на Германија и Данска не исклучуваат дека причина за несреќата била саботажа на гасоводите, пренесе „Ало.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.