Свет
(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот претседател Џо Бајден повторно е актуелен на социјалните мрежи.
На социјалните мрежи се појави видео од Бајден на кое тој изгледа малку изгубено по неговиот говор. Бајден беше во канцеларијата на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), каде што го пофали нејзиниот одговор на ураганот Иан.
Откако го заврши својот говор, претседателот на САД се сврте десно и тргна кон толпата, игнорирајќи ги повиците на претставниците на ФЕМА.
На видеото објавено на Твитер, Бајден може да се види како се заблагодарува, а потоа оди кон луѓето. Во тој момент се слуша како функционерот на ФЕМА вели „Господине претседателе“, но тој ја игнорира:
"Mr. President………?" pic.twitter.com/DOdTltF6g1
— RNC Research (@RNCResearch) September 29, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел има нов план за Палестинците; Поранешен израелски премиер: Тоа би било логор

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт изјави за Гардијан дека „хуманитарниот град“ за Палестинците, предложен од израелскиот министер за одбрана Израел Кац, ќе биде концентрационен логор.
Тој призна дека Израел веќе извршил воени злосторства во Газа и на Западниот Брег, но верува дека овој потег ќе означи ескалација.
„Тоа би бил концентрационен логор. Жал ми е“, рече Олмерт.
Кац претходно потврди дека откако ќе влезат внатре, на Палестинците нема да им биде дозволено да заминат, освен во други земји. Тој ѝ нареди на војската да започне со изготвување оперативни планови за изградба на „хуманитарен град“ врз урнатините на јужна Газа, првично сместувајќи 600.000 луѓе, а на крајот и целото палестинско население.
„Ако тие (Палестинците) треба да бидат депортирани во нов „хуманитарен град“, тогаш може да се каже дека тоа е дел од етничко чистење. Тоа би било неизбежното толкување на секој обид за создавање логор за стотици илјади луѓе“, предупреди Олмерт.
Тој не смета дека сегашната израелска кампања претставува етничко чистење бидејќи „евакуацијата на цивилите за да се заштитат од борбите е легална според меѓународното право, а Палестинците се враќаат во областите каде што воените операции се завршени“.
Проектот „хуманитарен град“ е поддржан од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а одбивањето на Израел да се повлече од областа што Кац ја замислува за кампот е камен на сопнување во застојот во разговорите за договор за прекин на огнот, објавија израелските медиуми.
„Кога градат камп во кој планираат да „исчистат“ повеќе од половина од Газа, неизбежната перцепција е дека Палестинците не се спасени, туку депортирани, протерани и отфрлени. Барем јас немам друга перцепција“, забележа Олмерт.
Израелската влада тврди дека планот е наменет за заштита на Палестинците. Израелците кои го опишаа планираниот „хуманитарен град“ како концентрационен логор беа нападнати поради споредби со нацистичка Германија.
Европа
(Видео) Авион од Пула слета во Лондон: кога повторно полета, се урна и се запали

Помал авион се урна и се запали на аеродромот во Лондон Саутенд вчера попладне. Сведоците ја опишаа експлозијата како „огнена топка“, а аеродромот беше затворен до понатамошно известување. Нема официјални информации за жртви.
Crazy footage from the golf course, on which the plane taking off from Southend London airport appeared to crash.pic.twitter.com/d79o8xff8O
— Phil (@phil_from_NG) July 13, 2025
Несреќата се случила кратко пред 16 часот по локално време, а првичните извештаи сугерираат дека авионот долг 12 метри се запалил кратко по обидот за полетување.
🚨 BREAKING NEWS: A devastating plane crash occurred at London Southend Airport, UK.
A Beechcraft Super King Air light aircraft crashed and exploded into a massive fireball shortly after takeoff, Eyewitnesses described a horrific scene of black smoke and flames, prompting a… pic.twitter.com/9KrHzfgkeg
— Breaking News (@TheNewsTrending) July 13, 2025
Холандската компанија „Zeusch Aviation потврди дека нејзиниот лет SUZ1 бил вклучен во несреќата во Саутенд. Авионот претходно во текот на денот летал од Атина до Пула, а потоа до Саутенд, од каде што требало да продолжи кон својата база во Лелистад, Холандија.
Компанијата соопшти дека соработува со властите во истрагата и изрази сочувство.
Свет
Биткоинот за прв пат над 120.000 долари, Трамп: Јас сум крипто-претседател

Биткоинот за прв пат надмина вредност од 120.000 долари, што претставува голема пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите сметаат на долгоочекуваните промени во политиката во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела.
Почнувајќи од денес, Претставничкиот дом на САД ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка што долго време ја бара.
Овие барања беа поздравени од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се нарече себеси „крипто претседател“ и ги повика законодавците да ги променат регулативите во корист на индустријата.
Брзото зголемување, кое доведе до пораст на биткоинот за 29 проценти од почетокот на годината, поттикна пошироки добивки кај другите криптовалути во последните недели, и покрај хаотичните трговски тарифи на Трамп.
Етерот, втората најголема криптовалута по пазарна капитализација, денес го достигна своето највисоко ниво за повеќе од пет месеци на 3.048,23 долари.
Вкупната пазарна вредност на секторот се искачи на околу 3,78 билиони долари, според CoinMarketCap.