Забава
„Колдплеј“ ги одложи концертите во Бразил поради болест на Крис Мартин

Членовите на „Колдплеј“ соопштија дека им е исклучително жал што мора да ги одложат претстојните настапи во Бразил бидејќи фронтменот Крис Мартин доби сериозна инфекција на белите дробови.
Британскиот бенд во вторникот објави дека настапите закажани за овој месец ќе се одржат на почетокот на 2023 година.
„Колдплеј“ требаше да има осум концерти во Рио де Жанерио и Сао Пауло како дел од светската турнеја Music of the Spheres.
Но, Мартин има строга лекарска наредба да мирува три недели, твитна бендот.
„На сите во Бразил, кои со нетрпение ги очекуваа овие концерти, многу ни е жал за какво било разочарување и непријатност и многу сме благодарни за вашето разбирање во овој предизвикувачки период кога треба да му дадеме приоритет на здравјето на Крис“, се наведува во соопштението.
„Ние сме оптимисти дека Крис ќе се врати во добро здравје по пропишаната медицинска пауза и со нетрпение очекуваме набргу да ја продолжиме турнејата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
На листата на најдобрите печива во светот има и специјалитет од Македонија

Интернет-страницата TasteAtlas, која со оценување на традиционални јадења од целиот свет дава увид во гастрономските специјалитети, често објавува листи на најдобрите јадења.
На последната се најде македонскиот зелник.
Имено, објавена е листа на најдобрите печива во светот. И додека зелникот од Македонија е на високото 11 место, Србија и Босна се на првите позиции со Пазарските мантии и бурекот. На трето место е баницата со сирење од Бугарија.
Во прилог, целата листа на најубавите печива.
View this post on Instagram
Забава
Џенифер Анистон подготвена за трет брак, планирала венчавка на плажа со Џим Кертис

Изгледа дека за Џенифер Анистон наскоро би можеле да прозвонат венчални ѕвона. Како што пишуваат странските медиуми, ѕвездата од „Пријатели“ наводно е подготвена за сериозен чекор со својот нов партнер, Џим Кертис. Иако 56-годишната актерка веќе неколку месеци дискретно се гледа со гуруто за самопомош, извори тврдат дека нивната врска брзо се развива бидејќи се познаваат со години, и таа овој пат е сигурна во својата одлука.
Гласините за романтиката на парот во последните недели не престануваат да ги полнат медиумите, а изгледа дека врската, која наводно ја прифатил и нејзиниот најблизок круг пријатели, се движи кон трајна обврска.
„Џен и Џим се луди еден за друг, а таа е во фаза од животот кога е уморна од љубовни игри“, открил извор.
„Таа вложи сè во оваа романса и лесно е да се види зошто. Џим е душа од човек со неверојатна емпатија за потребите на Џен. Верува дека конечно го пронашла својот човек за цел живот.“
Изгледа дека Кертис од самиот почеток го дели нејзиното мислење. „Разговарале за заедничка иднина уште на првиот состанок“, објаснил добро информиран извор, додавајќи дека Кертис „јасно кажал од првиот ден“ колку е посветен на нивната врска.
За Анистон ова би бил трет брак, а наводно планира интимна и едноставна церемонија. „Возбудени се што ќе се венчаат и сакаат да си ги разменат заветите на плажа во Кабо, пред мала група блиски пријатели“, открил извор.
Нивната врска брзо напредува, а парот веќе бил виден на неколку патувања. Во јуни се повлекле во мирниот Ventana Inn во Big Sur, а кратко потоа се појавиле во јавноста за време на одмор на јахта во Шпанија за Денот на независноста. Фотографите ги фатиле како разменуваат нежности на палубата, без да се грижат за љубопитните погледи.
Кертис по враќањето дури пишувал за патувањето: „Се вратив од одмор, какво искуство!“ напишал тој. Осврнувајќи се на патувањето, додал: „Кога бев болен, тажен и во болка, никогаш не мислев дека ќе имам изобилство, радост и љубов кои сега ги доживувам секојдневно.“
Забава
AERO Street Food Festival 2025 – паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и на музиката

Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот AERO Street Food Festival, настан кој ќе ги обедини најдобрите улични гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен.
Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат богат избор на специјалитети – од интернационални улични вкусови до автентични традиционални јадења. А покрај тоа ќе имаат можност да уживаат во извонреден избор на пијалоци по екслузивно достапни цени.
Фестивалот ќе се одржува секој ден од 17:30 до 00:30 часот и ќе понуди настапи на реномирани изведувачи: Рингтонс, Southpark, Breakdown band, Goce SAF, Dj Aleksandar Jordanov, DJ Marko, DJ Micov, DJ Shime, DJ Mono, DJ Foodieman, DJ Guardian и DJ Fico.
Понудата ќе биде составена од над 12 познати брендови за храна, меѓу кои: Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, Sorelle Focaccia, Lora’s Sushi, Bistro 64, 15 за 12, Milkey, Destan, Smash Burger, La Pizza, Ноа Гирадико и други.
Покрај музиката и храната, фестивалот ќе понуди и интерактивни предизвици за публиката, вклучувајќи натпревари во најбрзо јадење, квизови, трки и други интерактивни забавни активности со награди. Настанот ќе се реализира со поддршка од Општина Аеродром.
„Нашата цел е да создадеме настан кој ќе ги поврзе луѓето преку храната, музиката и заедничките моменти. AERO Street Food Festival е локална приказна по светски стандарди и ќе биде празник на вкусови, звуци и позитивна енергија“ – изјавија организаторите.