Црна хроника
100 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (5.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 100 возачи. Од нив девет се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 38 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, слушнал возило како застанало и три истрели од огнено оружје.
По пукањето, во дневната соба забележал дека било скршено стакло од прозор, имало оштетување во ѕидот, а на подот пронашол две зрна од огнено оружје.
Повредени лица нема и се преземаат мерки за расчистување на случајот., велат од МВР.
Црна хроника
Кумановци физички нападнати додека делеле изборен материјал

Вчера во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К.(32) и И.С.(33), двајцата од Куманово, пријавија дека во населбата Средорек во Куманово, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р.Ш. физички ги нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Црна хроника
Уапсен жител на Кичево, возел пијан и предизвикал сообраќајна незгода

Полицијата, синоќа во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, го уапсија М.Ц.(42) од Кичево, соопшти МВР.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки. При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.