Регион
Вулин: ЕУ воведе пакет-санкции кон Србија на предлог на Хрватска
Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, реагирајќи на одлуката на Хрватска да го запре увозот на руска нафта во Србија, рече дека е подобро да се биде воено и политички неутрална земја, отколку член на клуб во кој хрватските комплекси и одмазда ќе бидат закон и правило.
„Европската Унија уште еднаш докажа дека е клуб на земји што имаа поделби под Сталинград и дека единствената конзистентност во нејзината политика е одмаздата на слободните народи. По предлог на комплексот усташка Хрватска, на Србија ѝ беше забрането да увезува руска нафта преку Јадранскиот гасовод, но на Бугарија не. Објаснувањето дека Бугарите имаат руска рафинерија во Бургас не се однесуваше на тоа дека Србите имаат и руска рафинерија во Панчево. За усташите и нивните сојузници, не е важно дали нешто има смисла, туку дали тоа ќе ѝ наштети на Србија. Со усташкото барање усвоено од Европската Унија, Србија е принудена да купува поскапа ирачка нафта и со тоа да изгуби стотици милиони евра, кои можела покорисно да ги искористи“, изјави Вулин.
Тој наведе дека Србија во блиска иднина ќе мора да размислува за изградба на нафтовод во партнерство со други земји бидејќи, како што рече, „секаде каде што усташите може да ѝ нанесат штета на Србија, тоа ќе го направат“.
„Европската Унија, во која нашата судбина ја решава сè понеуспешната и сè позлобна Хрватска, е местото на нашето идно понижување и страдање и затоа е подобро да се биде воено и политички неутрална земја отколку членка на клуб во кој хрватските комплекси и одмазда ќе бидат закон и правило. На предлог на усташите Европската Унија не го воведе осмиот пакет-санкции кон Русија, туку првиот пакет-санкции за Србија, подмолно и тивко, како што знаат само усташите“, рече Вулин, пренесува „Политика.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Загинаа две лица, а пет се водат како исчезнати по судар на чамец и крузер во Дунав кај Будимпешта
Две лица го загубија животот доцна синоќа, а пет се водат за исчезнати во судар на мал моторен чамец и крузер на реката Дунав северно од Будимпешта, соопшти денеска унгарската полиција.
Телата на возрасен маж и жена се пронајдени северно од главниот град, а властите се уште трагаат по пет исчезнати лица.
Сома Чечи, портпарол на полицијата во Будимпешта, на прес-конференција рече дека, според досегашните сознанија, во чамецот имало вкупно осум возрасни лица и потврди дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати. Тројца мажи и две жени моментално се бараат со глисери и дронови, јавуваат унгарските медиуми.
Полицијата соопшти и дека во градот Комаром бил запрен поголем брод, а од увидот било откриено дека му е оштетен страничниот дел. Се врши увид и во тек е истрага за опасноста по водениот пат и смртта на неколку лица.
Регион
По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР.
Состојбата на Фицо се подобрува, а лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде префрлен. Фицо моментално се опоравува во универзитетската болница во Банска Бистрица.
Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина неколку пати пукаше со пиштол во него. Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување вчера му одреди притвор на Цинтула.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.