Свет
Шолц: Самитот во Прага е важен за мирот и просперитетот на Европа
Германскиот канцелар Олаф Шолц, денеска, пред почетокот на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, истакна дека ова е голема иновација, која треба да придонесе за мирот, безбедноста и просперитетот на Европа.
Шолц истакна дека е добро што покрај сите состаноци што постојат во ЕУ во рамките на ОБСЕ, Советот на Европа и другите институции, воспоставен е нов формат во кој лидерите на цела Европа имаат можност да го поминат целиот ден без притисок на агенда и обврска за заклучоци и да разговараат за иднината на Европа.
Средбата е добра и затоа што ЕУ може да ги подобри односите со соседите, од кои некои се веќе на пат кон Унијата.
Тој посочи дека оваа средба не може да се одржи без да се фокусира на ситуацијата во врска со Украина.
„Добро е што сите на разни начини ја поддржуваме Украина и верувам дека тоа е видливо за сите што дојдоа, знак дека рускиот напад врз Украина е брутално кршење на меѓународниот мировен поредок. Затоа е важно да не ја прифатиме таа агресија и да биде присоединет дел од соседната земја, како и никогаш да не признаваме привидни референдуми“, нагласи Шолц.
Тој посочи дека е важно да се ограничат последиците од војната за светската заедница бидејќи, како што нагласи, станува збор за состојбите во Азија и Африка, кои посочуваат дека е добро што се овозможува извоз на жито.
„Се работи и за прашањето како да се обезбеди сигурност во снабдувањето со енергија, но и да се намалат цените. И ќе мора да паднат. Ќе разговараме за тоа денеска и утре“, најави Шолц. Тој посочи дека не станува збор за создавање нова институција со бирократија, туку за платформа која на лидерите им дава можност за неформален разговор.
„Не би било погрешно, покрај сите постојни институционални структури, да се додаде уште една“, истакна Шолц, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

