Македонија
Маричиќ: Помалку емоции, а повеќе факти во градењето на добрососедските односи
На денешниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, по излагањето на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој зборуваше за односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија, рече дека две вистини треба да се прифатат во двете земји, а тоа е дека Втората светска војна е завршена пред повеќе од 70 години, а второ дека Студената војна заврши пред повеќе од 30 години.
-Бидејќи изгледа не сме ја извлекле лекцијата дека сите несреќи на Балканот во последните 30 години произлегоа од неприфаќањето на овие две вистини. Тоа е оптоварување од двете страни на границата. И битката не е ниту национална, ниту етничка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Туку е битката меѓу оние сили коишто сакаат овие две држави да живеат во мир, пријателство и со заедничка европска иднина, како што сме денес сојузници во НАТО, и оние што сакаат да профитираат од вечно замрзнат или затоплен конфликт, зависно од потребата помеѓу нашите два народа, нашите две држави кои се соседни и многу блиски, и кои е природно да бидат блиски, реплицираше Маричиќ.
Вицепремиерот Маричиќ кажа дека добрососедските односи и продлабочувањето на регионалната соработка се високо на агендата на Владата на Северна Македонија, бидејќи тоа е од заеднички интерес и на наш и на Бугарија, додавајќи дека остануваат посветени на добра волја да ги спроведуваме билатералните договори и дополнително да ги зајакнуваат добрососедските односи, со што помалку емоции, а што повеќе факти и заеднички активности.
-Важно е напорите да се од двете страни на границата. Само така ќе имаме стабилно пријателство. Сè друго ќе биде разбрано како уцена, како притисок, и тоа може да раѓа фрустрација и такви изливи какви што видовме на стадионот во Скопје, посочи Маричиќ.
На обвинувањата од европратеникот Џамбаски за сепаратизам од страна на Северна Македонија, Маричиќ одговори дека ние сме држава членка на НАТО, докажан партнер и која нема на ниту ден начин посегнато по кој било сосед, туку напротив дека добрососедските односи ни се постојана тема.
-Дури и нашите граѓани во еден дел сметаат дека единствена тема на европските интеграции се добрососедските односи и дека европските интеграции постојат за да им удоволиме нешто на сите соседи. Знаеме дека не е така, но таква е перцепцијата, рече Маричиќ во Европскиот pарламент, пред европратениците, и повика на соработка и на работа, од двете страни на границата и посочи дека од наша страна веќе има подадена рака.
Во однос на соработката и поврзувањето со соседна Бугарија, Маричиќ кажа дека на Коридорот 8 долго време немало напредок, но она што е ново е што во последната година се направени големи напори за повторно да се активира проектот за железницата и дека почнува да се работи, со конкретни рокови, по долго време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

