Црна хроника
Повредени три деца во училиштен двор во Скопје

Вчера во двор на училиште на улицата Серава едно женско лице фрлило тврди предмети и повредило двајца малолетници од Скопје и еден малолетник од с.Љуботен, Скопско, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 15-годишник од Гостивар, украл автомобил

Вчера во 19:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар во присуство на родителот Џ.Х. од Гостивар, лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Гостивар.
Малолетникот се сомничи дека одзел патничко моторно возило „форд фокус“ со кичевски регистерски таблици пријавено од Ф.К. од Кичево.
Возилото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсени три лица од Кочани на наплатната рампа Миладиновци: пронајдена дрога во возилото

Денеска(23.09.2025) околу 15.40 часот на наплатна рампа Миладиновци полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С., Н.З. и М.А. сите од Кочани кои биле во патничко возило “поло” со кочански регистарски ознаки.
Кај нив била пронајдена и одземена кафена прашката материја.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетник нападнат во двор на средно училиште во Карпош

МВР информира дека вчера бил пријавен напад врз малолетник во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, Скопје.
Според пријавата, околу 13:15 часот неколку малолетници физички го нападнале ученикот, при што бил употребен и тврд предмет. Настанот го пријавил таткото на нападнатиот, К.Р. (40) од Скопје.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.