Црна хроника
228 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (6.10.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се девет мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, шест мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 15-годишник од Гостивар, украл автомобил

Вчера во 19:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар во присуство на родителот Џ.Х. од Гостивар, лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Гостивар.
Малолетникот се сомничи дека одзел патничко моторно возило „форд фокус“ со кичевски регистерски таблици пријавено од Ф.К. од Кичево.
Возилото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсени три лица од Кочани на наплатната рампа Миладиновци: пронајдена дрога во возилото

Денеска(23.09.2025) околу 15.40 часот на наплатна рампа Миладиновци полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С., Н.З. и М.А. сите од Кочани кои биле во патничко возило “поло” со кочански регистарски ознаки.
Кај нив била пронајдена и одземена кафена прашката материја.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетник нападнат во двор на средно училиште во Карпош

МВР информира дека вчера бил пријавен напад врз малолетник во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, Скопје.
Според пријавата, околу 13:15 часот неколку малолетници физички го нападнале ученикот, при што бил употребен и тврд предмет. Настанот го пријавил таткото на нападнатиот, К.Р. (40) од Скопје.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.