Забава
Почна граѓанската парница по тужба на Ентони Рап против Кевин Спејси

Адвокатите на актерот Кевин Спејси и Ентони Рап, човекот чии наводи за сексуално недолично однесување му ја променија кариерата на оскаровецот, дадоа воведни зборови за случка пред повеќе од 30 години, на почетокот на граѓанската парница во Њујорк во четвртокот.
Адвокатот на Рап, кој бара отштета од 40 милиони долари, во својата воведна изјава рече дека во текот на забава во станот на Спејси во Њујорк во 1986 година, Спејси, тогаш 26-годишен, го легнал Рап на креветот и се качил врз него. Рап тогаш имал 14 години и во тоа време ја почнал својата кариера на Бродвеј.
„Рап успеа да се извлече и да замине, но не без Спејси да го следи до влезната врата и да го праша: дали си сигурен дека сакаш да си одиш?“, рече адвокатот на Рап пред поротниците во федералниот суд на Менхетн.
„Кевин Спејси е фантастичен актер, нема сомневање во тоа“, продолжи адвокатот во воведното излагање. „Секогаш кога Ентони ќе го слушне ова или кога ќе го слушне името Кевин Спејси, тој се враќа во тој стан во 1986 година“.
Рап, кој сега има 50 години, ја поднесе тужбата во ноември 2020 година тврдејќи намерно предизвикување емоционална вознемиреност и стрес.
Спејси (63) ги отфрли обвинувањата на Рап и другите обвиненија за сексуално недолично однесување.
Адвокатката на Спејси, Џенифер Келер, рече дека Рап ја измислил приказната затоа што бил љубоморен оти неговата сопствена актерска кариера не била толку успешна како онаа на Спејси.
Таа рече дека неговиот опис на наводната случка личи на сцена од претстава во која Рап глумел во тоа време.
„Тој ја раскажува оваа приказна за да привлече внимание, сочувство и за да го подигне својот профил“, рече Келер. „Тој никогаш не стана меѓународна ѕвезда каква што е Кевин Спејси“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Нивните високи стандарди тешко се исполнуваат: Ова се најголемите намќори во хороскопот

Некои хороскопски знаци се познати по својот оптимизам и опуштен начин на живот, додека други често оставаат впечаток дека сè им е тешко или дека постојано се незадоволни.
Мрморењето кај нив не мора да значи дека се лоши луѓе – тие едноставно имаат тенденција да гледаат проблеми пред решенија и често реагираат нервозно на секојдневните ситуации.
Еве ги хороскопските знаци за кои најчесто се вели дека се намќори.
Девица
Девиците имаат високи стандарди и тешко се задоволуваат. Нивната критичка природа ги тера често да мрморат затоа што малите работи лесно им го привлекуваат вниманието. Ако нешто не оди според планот, нивното незадоволство станува очигледно и тие често го изразуваат гласно.
Јарец
Јарците се сериозни и често им е тешко да се опуштат. Нивниот фокус на обврските и одговорноста може да ги направи строги и намќорести, особено кога чувствуваат дека другите не прават доволно. Наместо насмевка, тие се посклони да бидат огорчени или критични.
Рак
Иако се емотивни и грижливи, Раковите лесно паѓаат во промени во расположението. Кога се чувствуваат повредени или погрешно разбрани, се повлекуваат во себе и стануваат многу мрзоволни. Нивната чувствителност често ги води до ненадејни промени во расположението што им е тешко на оние околу нив да ги разберат.
Забава
Нутриционистите тврдат: Овој појадок го храни мозокот и ве прави попаметни

Веројатно сте влегле во соба барем еднаш и сте заборавиле зошто сте дошле таму. Повремената заборавеност е сосема нормална, но секојдневните навики, вклучително и она што го јадеме за појадок, можат да играат важна улога во зачувувањето на меморијата и здравјето на мозокот.
Според истражувањата, речиси половина од случаите на деменција би можеле да се спречат или барем да се одложат со поздрав начин на живот. Ова вклучува правилна исхрана, редовно вежбање и квалитетен сон, пишува EatingWell.
„Начинот на живот што го водиме денес е најмоќното оружје што го имаме за да ја заштитиме нашата меморија и мозок во иднина“, вели неврологот д-р Дејвид Перлмутер. И сè започнува со појадокот.
На пример, омлет со авокадо и чаден лосос може да ја стимулира функцијата на мозокот наутро и да го поддржи долгорочното здравје.
Зошто омлет со лосос и авокадо е одличен појадок за мозокот
Овој оброк, препорачан од невролозите и нутриционистите, содржи идеална комбинација на хранливи материи кои го хранат мозокот и ја подобруваат меморијата.
Содржи холин, важен за меморијата
Јајцата се еден од најдобрите природни извори на холин, супстанца која им недостасува на повеќето луѓе. Холинот е неопходен за здравјето на мозокот, меморијата и расположението. За жал, истражувањата покажуваат дека дури 90% од луѓето не консумираат доволно холин.
Нутриционистката Лорен Манакер објаснува дека холинот помага во создавањето на ацетилхолин, невротрансмитер кој е клучен за учење и меморија. Две јајца обезбедуваат околу половина од препорачаната дневна доза на холин.
Богат е со омега-3 масни киселини
Пушениот лосос е богат со здрави масти, особено со омега-3 масни киселини DHA и EPA. Според диететичарката Стејси Вудсон, овие масти ја подобруваат меморијата, концентрацијата и функцијата на мозокот бидејќи поттикнуваат подобар проток на крв во мозокот. Тие исто така им помагаат на невроните подобро да комуницираат едни со други.
Содржи моќни антиоксиданси
Антиоксидансите во овој оброк го штитат мозокот од оштетување предизвикано од воспаление и оксидативен стрес. Витаминот Е од авокадо и маслиново масло, лутеинот и зеаксантинот од жолчките од јајца и селенот од лососот, сите заедно помагаат во одржувањето на здравјето на мозочните клетки.
Д-р Перлмутер додава дека витамините Ц и Е, како и полифенолите, се моќни сојузници во борбата против стареењето на мозокот.
Добар извор на витамини од групата Б
Јајцата и лососот се богати со витамини Б6, Б12 и фолна киселина. Овие витамини помагаат во создавањето невротрансмитери кои влијаат на расположението, фокусот и меморијата. Недостатокот на витамини од групата Б може да се поврзе со пад на менталните способности и зголемен ризик од губење на меморијата.
Помага во одржувањето на стабилни нивоа на шеќер во крвта
Омлет од лосос и авокадо содржи протеини, здрави масти и влакна, кои заедно помагаат во одржувањето на стабилни нивоа на шеќер во крвта. Ова помага да се спречат ненадејни падови на енергијата и намалена концентрација. Експертите советуваат да се избегнуваат рафинирани јаглехидрати како што се шеќерните житарки и колачи за појадок, бидејќи тие можат негативно да влијаат на вниманието и функцијата на мозокот.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез вешто избегна да одговори на прашањето за разводот од Бен Афлек

Џенифер Лопез се најде во малку незгодна ситуација за време на гостувањето во шоуто „Тудеј“, но вешто избегна директен одговор на прашањето за нејзиниот неодамнешен развод од Бен Афлек. Пејачката и актерка го промовираше својот нов мјузикл „Бакнеж на жената-пајак“, но водителот Крег Мелвин ја искористи можноста да го спомене нејзиниот личен живот.
„Во средината на снимањето на овој комплексен, прекрасен мјузикл, и вашиот развод од Бен е финализиран“, почна Мелвин, но Лопез веднаш го прекина со гласен смеа и коментар: „Ете го! Погледнете го!“
Водителот објасни зошто го споменал Афлек, велејќи: „Но, потоа прочитав дека твојот бивш е извршен продуцент на филмот“. Лопез само го игнорираше тоа, но сепак му ја припиша заслугата на својот поранешен сопруг, од кого се раздели во 2024 година. „Да не беше Бен, филмот немаше да биде снимен. И секогаш ќе му ја припишувам заслугата за тоа“, рече таа.
Во врска со самиот развод, таа кратко коментираше дека „работите се случуваат“ и додаде: „Мора да продолжите понатаму“. Да потсетиме дека двојката првпат се сврши во 2002 година, но се разделија една година подоцна. Ја обновија својата романса 20 години подоцна и се венчаа во 2022 година. Сепак, љубовта не траеше долго, а Лопез поднесе барање за развод минатата година, кое беше финализирано во февруари оваа година.
фото: принтскрин