Македонија
Нов пакет социјални мерки од Општина Кисела Вода – „Грижа и сигурност за секое дете”
Со пакет социјални мерки Општина Кисела Вода ќе им помага на своите жители полесно да ја пребродат економската криза.
Денес, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги потпиша меморандумите со повеќе компании, кои функционираат на територијата на општината и со тоа официјално го отвори проектот со наслов „Грижа и сигурност за секое дете“.
Иако почнува во неделата посветена на детето, овој проект ќе трае во текот на целата година и вклучува повеќе мерки за помош на децата од социјален ризик и децата со еден родител.
Денес потпишаните меморандуми за соработка на повеќе од 50 социјално загрозени дечиња од прво до деветто одделение ќе им овозможат бесплатни курсеви за странски јазици, информатика и спорт.
Дополнително, „Грижа и сигурност за секое дете“ овозможува ослободување од партиципација за трошоците за згрижување во јавните детски градинки на евидентираните дечиња од социјален ризик за што ќе се искористат средства од буџетот на Општината.

Третата мерка опфаќа субвенционирање дел од цената за месечниот оброк за ученици од социјално ранливите категории од прво до трето одделение во основните општински училишта.
„Сакам да ви се заблагодарам на сите тука присутни компании, кои ја покажавте својата општествена одговорност и станавте партнер на Општина Кисела Вода во настојувањето да се помогне на посиромашните семејства кои се најпогодени во овој тежок, кризен период. Како локална самоуправа презедовме низа мерки со кои сакаме да им излеземе во пресрет и да им овозможиме некаква сигурност и ублажување на сиромаштијата со која живеат сè поголем број семејства во Македонија. Симболично, во неделата посветена на детето го почнуваме и денешниот проект ‘Грижа и сигурност за секое дете’, во кој заедно со вас овозможуваме еднакви услови за искористување на потенцијалот на сите деца, без разлика на нивната финансиска положба“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
Запознавајќи ги присутните со другите социјални мерки што Општина Кисела Вода досега ги спроведе: обезбедената донација за субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, проектот „Ранче за секое прваче“, со кој се обезбедија чанта, тетратки и училиштен прибор за сите првоодделенци, субвенциите за печки на пелети.
Заеднички потоа се проговорите за плановите за преземање дополнителни мерки за економски немоќните семејства, а некои од сопствениците на компаниите дадоа свои предлози и идеи за можностите за дополнителна соработка со цел што побргу и полесно да се надмине тешкиот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

